1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија доби нова влада

29 јули 2011

По дводневна расправа и со 70 гласа „за“ десетина минути пред полноќ е избрана новата влада на Република Македонија, што во наредните четири години ќе продолжи да ја води Никола Груевски

https://p.dw.com/p/125v6
Старо- новиот премиер Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

Од присутните 117 пратеници, 47 гласаа против предложениот владин состав и немаше воздржани. Новата влада се состои од петнаесет министерства. Шест од нив ги раководат исти министри. Меѓу новите имиња во кабинетот на Груевски се Никола Попоски како шеф на дипломатијата, Панче Кралев - министер за образование и наука и Ваљон Сарачини на позицијата министер за економија. Владата вети голем број странски инвестиции, стабилен денар, намалување на невработеноста, членство во НАТО и ЕУ, како и решавање на спорот околу името со Грција.

Regierungsgebäude der Republik Mazedonien
Седиштето на Владата на РМФотографија: DW

Дел од новите министри и вицепремиери кои по изгласувањето на новата Влада стапија на должност, денеска ќе ги преземат функциите од своите претходници.
Абдилаќим Адеми ќе му ја педаде вицепремиерската должност на Муса Џафери за спроведување на Рамковниот договор, а потоа ќе ја преземе функцијата министер за животна средина од досегашниот министер Неџати Јакупи.
Никола Тодоров ќе му го предаде ресорот образование и наука на Панче Кралев, а од Бујар Османи ќе ја преземе челната позиција во Министерството за здравство.
Фатмир Бесими, кој доби мандат да го води Министерството за одбрана, ќе ја преземе функцијата од Зоран Коњановски, откако претходно ќе му го предаде ресорот економија на својот наследник Ваљон Сарачини.
Примопредавање ќе има и во Министерството за труд и социјална политика, каде што досегашниот министер Џељаљ Бајрами ќе му ја предаде должноста наСпиро Ристовски, кој беше негов заменик во претходниот владин состав.

Автор:ТТ/СН/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема