1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Магарето е меѓу најзагрозените видови во Црна Гора“

Кристина Кифнер | Радомир Крачковиќ
10 јануари 2020

Пред четири години Дарко Савељиќ отвори фарма за магариња во мало село во близина на Подгорица. Негова цел е да ги спаси магарињата од изумирање, зашто тие се дел од црногорската култура и традиција.

https://p.dw.com/p/3VzX9
Esel Farm und Museum in Montenegro
Фотографија: DW/R. Kračković

Тврдоглавоста е особина, која освен за луѓето, најчесто се поврзува со магарињата. Во Црна Гора во минатото имало илјадници магариња, тие заедно со коњите им биле главна помош на луѓето во извршувањето на секојдневните работи. Денес магарињатаедноставно станаа вишок кој никому не му е потребен. Сепак, благодарение на тврдоглавоста и необичната визија на вљубеникот во животни, Дарко Савељиќ, магарињата нема да бидат заборавени.

Савељиќ пред 4 години отвори прва фарма за магариња во Црна Гора, во селото Мартиниќи, во близина на Подгорица. За фармата се расчуло брзо ширум Европа и светот. Тој ги собира магарињата кои не му се потрбени никому, но и старите немоќни магариња, и им пружа уникатно прибежиште, во кое веќе не мора да носат и влечат товар.

Погледнете каков е нивниот живот на фармата и што вели човекот кој се грижи секојдневно за нив:

„Магарето е меѓу најзагрозените видови во Црна Гора“