1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Луксузни чоколада за Велигден

ЕМФ
31 март 2018

Производителите на чоколада во Беверли Хилс и Холивуд за Велигден подготвуваат специјални чоколада. Меѓу импресивните и скапи креации има и зајаци со злато од 18 карати.

https://p.dw.com/p/2vI1z
Bildergalerie Schokolade
Фотографија: picture-alliance/dpa

Директорот на консултантската фирма за храна и ресторани Perspectives/The Consulting Group, Ед Енгорон, вели:

„Индустријата на чоколада во моментов е многу интересна и за купувачите и за производителите, затоа што годинава првпат ќе ја надминеме границата од 100 билиони долари. Тоа е зголемување од околу 8% во последните 10 години. Швајцарците се најголеми конзументи на чоколадо - во просек секој троши по околу 10 килограми годишно. Австријците и Германците следуваат веднаш зад нив со 9 килограми годишно, а Американците конзумираат околу 5 килограми годишно.“

Директорот и косопственик на John Kelly Chocolates, Џон Келсон, е познат во Холивуд по своите рачно изработени чоколада со природни состојки, по ултра луксузните кутии и презентации.

„Имаме многу селебрити-муштерии. Сместени сме во срцето на Холивуд, во Лос Анџелес. Поцентрално и не можеш да бидеш. Голем дел од бизнисот го имаме со филмските студија. Имаме многу познати муштерии кои доаѓаат директно во нашите продавници и купуваат“, објаснува тој.

Производителите се подготвени одамна, купувачите исто така - Велигден може да дојде. 

Луксузни чоколада за Велигден