1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерската средба во сенка на Хашките случаи

25 септември 2008

Мандатно-имунитетната комисија на македонскиот Парламент, треба да реши дали ќе им го одземе пратеничкиот имунитет на Талал Џафери и Хисен Џемаили од ДУИ, обвинети за изборни инциденти и за случајот „Маврово“.

https://p.dw.com/p/FOjJ
Премиерот Никола ГруевскиФотографија: MIA

Денес во Скопје се оддржува нова лидерска средба на која учествуваат претседателите на четирите најголеми партии во Македонија.

Претседателот на владеачката ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, како и партиските шефови на опозиционите СДСМ и ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи се очекува да разговараат за предложените измени во Уставот, особено во делот што ја утврдува процедурата на изборот за шеф на државата.

Во меѓувреме во македонскиот Парламент стигнаа судските барања да им се одземе пратеничкиот имунитет на двајца пратеници на ДУИ. Талал Џафери e осомничен за изборни инциденти и Хисен Џемаили, поради вина за малтретирање на мавровските работници, случај што веќе е порцесуиран во скопскиот суд. Попладнево треба да заседава Мандатно-имунитетната комисија на македонскиот Парламент и да донесе одлука, дали на двајцата пратеници ќе им биде одземен имнунитетот, со што ќе може понатаму да се спроведува судската постапка. Албанските политички партии во Македонија се спротивставуваат на одземање на имунитетот и тврдат дека на тој начин ќе биде прекршен законот за амнестија.