Либиските бунтовници во победнички поход
20 август 2011Во Либија уште еден поранешен близок соработник и човек од доверба на властродржецот Моамер Гадафи пребега на страната на бунтовниците. Абдулсалам Џалуд во 1970-те беше шеф на либиската влада и втор човек на режимот. Претставник на бунтовниците изјави дека Џалуд, кој е омилен кај народот, избегал од Триполи и им се придружил во Бенгази.
Либиските бунтовници трвдат дека ги завзеле Завија и Злитен
Либиските бунтовници тврдат дека под целосна контрола го имаат пристанишниот град Брега со стратешкиот нафтен терминал. Тие синоќа соопштија дека успеале да ги заземат и градовите Завија и Злитен, две клучни точки во нивниот поход кон престолнината Триполи.
„Злитен сега е под контрола на нашите борци, но битката се‘уште трае“, се вели во соопштението на бунтовниците. Притоа е наведено дека во битката за градот биле убиени меѓу 40 и 50 приврзеници на Гадафи, а 12 африкански платеници биле ранети. Бунтовниците исто така соопштија дека ја освоиле и Зарија, каде што се наоѓа голема рафинерија, која го снабдува Триполи со нафта.
Автор: ЖА/ЦН/дв/макфакс
Редактор: Симе Недевски