1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ладење со помош на сончева енергија

Инго Вагнер28 мај 2008

Затоплувањето на климата и драстичното намалување на фосилните горива се причината што еколошката енергетска техника е толку актуелна и барана. Германски научник разви метод за ладење со помош на сончевата енергија

https://p.dw.com/p/E6tz
Фотографија: DW-TV

Ахмет Локорлу гордо стои пред еден од неговите сончеви колектори и го вклучува. 45 годишниот инженер развива и продава клима уреди што работат со помош на сончева енергија низ целиот свет. Идејата да развие ваков вид на клима уред дошла спонтано, вели Ахмет Локорлу, кој во деведесетите години за време на летниот одмор во Турција добил сончаница. Тој , за жал, со болни сеќавања се присетува на јачината на сонцето.

„Тогаш се прашував, како може да се искористи јачината на сонцето во областа на ладењето. Ова беше моето прво прашање тогаш.„-објаснува Ахмет.

Оваа идеја никако не му излегуваше од глава на младиот инженер со германско-турско потекло. Тој со години работеше во лабораторијата во потрага по решенија.

На почеток работата му беше само хоби

Но, во 1999 година конечно се оствари неговиот сон. Ахмет Локурлу основа сопствена фирма што ја нарече Солитем. Во 2003 година за прв пат со новата техника беше опремен хотел на турскиот брег на Средоземното море. Со користењето на сончевата енергија апаратот го лади возухот.

Од тогаш па наваму оваа технологија станува се’ поактуелна во светот. Пред шест месеци во Турција беше отворен супермаркет со солитем-техника. На паркиралиштето сончевите колектори собираат енергија и го напојуваат клима системот во супермаркетот. Побарувачката е голема вели Локурли:

„Во моментов имаме апарати што работат во Турција, Јордан, Абу Даби, Шпанија и Италија. Водиме интензивни преговори и со повеќе земји од САД до Австралија, кои се наоѓаат во близина на жешкиот меридијан и на кои им е неопходна оваа технологија. „

Соларните колектори не се никаков новитет

Фактот дека со нивна помош може да работи клима уред не е ништо ново. Предноста на солитем техиката е тоа што таа не го користи заобиколниот пат преку производство на електрична енергија, туку дека од сончевите зраци директно се создава ладен воздух. Тоа е можно само со помош на Парабол-колектори кои се создадени и патентирани од инженерот Локурлу. Со помош на компјутер сјајните огледала на покривот постојано се завртени кон сонцето. Преку Парабол-колекторите системот развива температура над 200 степени целзиусови. На тој начин се создава пареа. Пареата поминува низ еден систем за размена на топлина при што таа се лади. Значи, без заобиколни патишта преку струја и без штетниот јаглероден диоксид. Токму тоа ја прави новата техника на германско-турскиот инженер двојно поефикасна од домашните соларни уреди. Освен тоа, Солитем-техниката може многу повеќе отколку само да лади.

„Во летните месеци во медитеранските земји оваа техника ја користиме за создавање пареа во пералниците или за индустриски процеси. Во зимските месеци пак не ни се потребни ниту пареата, ниту ладен воздух. Тогаш произведуваме топла вода за базени и парно греење. На тој начин ја користиме соларната енергија 12 месеци во годината. „-објаснува инженерот Ахмет Локурлу.

Иновацијата на инженерот му донесе големи признанија

31jan_MIG_ingenieur.jpg
Инженер на работно местоФотографија: dw-tv

Во 2004 годи. Тој и неговата фирма ја добија најпознатата светска награда за енергетска техника во светот „Енерџи Глоуб.„ Светски реномираниот весник Тајм Магазин го прогласи за Глобален херој за заштита на околината. Но и покрај тоа фирмата не е потполно задоволна. Ахмет сака во иднина неговите уреди да не ладат само огромни згради како хотели или болници, туку и нормални куќи. Меѓутоа, за вакво нешто технологијата сеуште не е доволно развиена.

„Најмалата единка што во моментов ја инсталираме изнесува 100 киловати. Тоа би била големина колку 20 соби. Помали уреди во моментов немаме. Затоа се обидеуваме ваквите системи да ги развиваме заедно со нашите партери.„

За тоа на Ахмет и неговите колеги ќе им треба уште малку време. Тој смета дека за домашна употреба на ваквата технологија се потребни уште најмалку две години.