1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Купи патики, и веднаш пофали се на Фејсбук

Кристина Редер/ Симе Недевски25 април 2012

Адидас Нео се викаат новите продавици на германскиот концерн за спортска облека во кои се’ што се пробува или купува може веднаш и да се „постира“ на Фејсбук. Тинејџерите воодушевени, но има и загрижени...

https://p.dw.com/p/14ecI
Фотографија: dapd

Она што го нема на Фејсбук, не се ни случило. Да речеме, онлајн пријателите можат да видат каква облека пробувате. Едноставно, застанувате пред огледало се насмевнувате и фотографијата е тука. Три другарки од Јена се во посета на Берлин, а во оваа продавница можат веднаш да се вклучат на Фејсбук и на целиот свет да му покажат што прават во моментот.

„Досега не знаев за ова, многу е кул, всушност кој денес не е на Фејсбук“, вели Регина од Јена. Нејзината другарка Џесика дополнува:

Кога ќе го поставиме ова, ќе видат сите наши пријатели, тоа кул, ние сме на шопинг, а тие седат дома, тоа е кул.

Продавници за тинејџери од 12 до 17 години

Адидас Нео- така се нарекува продавницата. Оваа во Берлин е само една од десетината кои германскиот концерн за спортска опрема и мода ги отвори ширум земјата. Целна група се тинејџерите на возраст од 12 до 17 години. Интернет и Фејсбук- за нив се нешта без кои не се може.

„Само така навистина допираме до целната група. Знаеме сите имаат смартфони, профили на социјалните мрежи на кои се меѓусебно поврзани- и тогаш ова е одличен начин да се чувствуваат како дома. Тоа ни е целта.

Themenbild Facebook

Многу фирми слично како Адидас се досетија на оваа стратегија. Заштитата на податоци паѓа во втор план, предупредуваат активистите. Младите муштерии не се свесни дека ја соголуваат својата приватност и бесплатно рекламираат разни фирми. Освен тоа, можно е и концерните да ги чуваат и натамошно да ги користат податоците од муштериите.

Чекор натаму...

Јоханес Каспар, ополномоштеник за заштита на човековите права од Хамбург

„Постои опасност дека фирмите ги посетуваат профилите на муштериите. Какви се нивните навики и што е вообичаено кај одредени групи клиенти. Станува збор за давање податоци кои веројатно никогаш не можат да бидат повлечени“.

И покрај тоа Адидас оди и чекор натаму. Во компанијата планираат со чипови во облеката да дознаат кои парчиња облека муштериите ги комбинираат во кабините за проба. Така фирмите уште побргу ги препознаваат трендовите и заработуваат уште поголеми пари.