Крвопролевање во центарот на Осло
25 јуни 2022На прес-конференција во саботата, полициски претставници изјавија дека мажот кој е уапсен по пукањето во центарот на Осло, во кое загинаа две лица а повредени се 21 лице, од кои 10 потешко, е норвешки државјанин со иранско потекло, кој претходно и бил познат на полицијата, но не и за сериозно кривично дело.
Полицијата не верува дека некое друго лице е вмешано, но соопшти дека го третира инцидентот како терористички напад. Напаѓачот имал две оружја-пиштол и автоматско оружје. кои се запленети, а претражен му е и станот.
Откажана денешната Парада на гордоста
Во меѓувреме организаторите на собирот на ЛГБТ симпатизерите во Осло ја откажаа годишната Парада на гордодост која требаше да се одржи денеска, а тоа е сторено на совет од полицијата.
Организаторите соопштија дека полицијата ги советувала да ја откажат и паратат и останите случувања.
„Осло Прајд поради тоа ги повикува сите кои планираа да учествуваат или да ја гледаат парадата да не доаѓаат. Сите случувања поврзани со Осло Прајд се откажуваат“, соопштија организаторите на својата страница на Фејсбук.
Норвешка е безбедна земја, но…
Премиерот Јонас Гар Стоере на Фејсбук напиша дека „пукањето пред пабот Лондон во Осло е суров и многу шокантен напад врз невини луѓе“. Тој напиша и дека - иако мотивот бил нејасен, пукањето предизвикало страв и тага кај ЛГБТК заедницата. „Сите сме со вас“, напиша премиерот.
Норвешка е релативно безбедна земја, но доживеа смртоносни напади од десничарски екстремисти, вклучително и нападот во 2011 година кога десноекстремистичкиот атентатор Андерс Брејвик уби 69 луѓе на островот Утоја, откако активираше бомба во Осло, во која загинаа осум лица.