1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав карневал во германскиот Фолкмарзен

БГ/ ДПА
24 февруари 2020

Човек со возило влета во толпа луѓе кои го следеа карневалот во германскиот град Фолкмарзен, повредувајќи десетици луѓе. Полицијата смета дека се работи за намерен акт, но нема индиции за политичка мотивација.

https://p.dw.com/p/3YLHk
Deutschland Auto fährt in Rosenmontagszug in Volkmarsen
Фотографија: Reuters/E. Schulten

Најмалку 30 лица се повредени, а возачот е уапсен, но полицијата се уште нема детали за мотивацијата на лицето кое со автомобил влета во публиката за време на карневалската прослава.

„Има десетици повредени, меѓу нив некои посериозно и за жал исто така и деца“, изјави портпаролот на полицијата Хенинг Хин. Дел од повредените се во критична состојба.

Германската полиција верува дека возачот со намера влетал во толпата луѓе, но засега нема индиции за политички мотивиран акт.

Deutschland Auto fährt in Rosenmontagszug in Volkmarsen
Нападот бил извршен со сребрениот Мерцедес на фотографијата лево.Фотографија: Reuters/E. Schulten

Во Германија денеска во голем број градови се слави Карневалот, а најголемите паради се одржуваат во Келн, Диселдорф и Мајнц. Фолкмарзен, со население од седум илјади жители, се наоѓа источно од Диселдорф.

Сведоците велат дека возачот ги заобиколил полициските блокади поставени за да ги одвојат учесниците на карневалот и гледачите. На видео снимките од местото на настанот може да се види сребрено возило Мерцедес на тротоарот.

Полицијата во покраината Хесен соопшти дека се стопирани сите останати карневалски поворки како мерка на претпазливост.