1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Која војна ја предизвикала Кина?“

СН/ агенции
4 март 2017

Кина планира споредбено умерен раст на нејзиниот буџет за одбрана во 2017 година- и покрај сите неизвесности кои дојдоа со новиот претседател на САД, спорот за островите со соседните земји и скапата армиска реформа.

https://p.dw.com/p/2Ydfh
China Marineschiff im Hafen von Sanya
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

И покрај тензиите со САД, Кина годинава ќе ги зголеми своите трошоци за одбрана само за „околу седум проценти“. Еден ден пред почетокот на пленарната сесија на Народниот конгрес во Пекинг, портпаролката Фу Јинг ги повика САД на воздржаност во територијалниот спор во Јужното кинеско море. Развојот на настаните во регионот зависи од американските намери во стратешки важната морска област, во која во моментов се наоѓа носачот на авиони на САД, „Карл Винсон“.

„Активностите на САД во определена мерка го определуваат барометарот“, изјави Фу. Кина , додаде, мора да се заштити од мешање од надвор.

US Marine - Flugzeugträger USS Carl Vinson
Американскиот носач на авиони „Карл Винсон“Фотографија: picture-alliance/dpa/U.S. Navy photo by Dusty Howell

Предвидениот раст од седум проценти на буџетот за одбрана за 2017 е најмало зголемување на безбедносните трошоци на Кина од 2010 година наваму. 

Точниот износ на издатоците ќе биде соопштена утре на почетокот на 11-дневната сесија на 3000 народни пратеници при објавувањето на целокупниот буџет годинешен буџет на Кина.

Само САД во светот имаат поголем воен буџет - и тоа околу дваипол пати поголем од оној на Кина. Официјално кинеските одбранбени трошоци изнесуваат околу 1,3 проценти од Брутодомашниот производ на земјата, но странските експерти проценуваат дека тој однос изнесува околу 2 проценти.

Раст од 7% на кинескиот буџет за одбрана

Портпаролката Фу го спореди 7-процентниот раст на кинескиот одбранбен буџет со најавата на Доналд Трамп за 10-процентно зголемување на американските безбедносни трошоци за оваа година. Постојат големи разлики меѓу способностите на Кина и САД, истакна Фу. која ги отфрли како неосновани стравувањата на соседните земји од воен притисок од страна на Кина. Таа потенцираше дека во последнава деценија во светот има страшни конфликти и војни со големи човечки загуби, материјални штети и бегалски бранови. „Која од овие војни ја предизвикала Кина?“, праша Фу и додаде „ Кина никогаш не ѝ наштетила на ниту една земја“.