1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Короната останува, но Германија „се отвора“ 

7 мај 2020

Притисокот од економијата и покраините покажа резултат: драстичните ограничувања поради короната се разлабавуваат. Сега од секој поединец ќе зависи дали нештата нема да тргнат наопаку, смета Јенс Турау. 

https://p.dw.com/p/3bsyl
Deutschland Berlin | Pressekonferenz | Angela Merkel
Фотографија: Getty Images/Pool

Повторно се отвараат продавниците, школите и градинките. Повторно ќе се гледа фудбал на телевизија, макар и без посетители на стадион. Доаѓа лето, ќе се отворат кафеани, а кој сака ќе може во земјата да оди на одмор, дури и во хотел.

Виролозите се изјаснија со внимателно „да”. Не им ни преостана ништо друго, дури и да гледаат опасност дека со разлабавувањето на мерките Германија може да си навлече втор бран на инфекции. 

Оти земјата, нејзините експерти, докторите и негувателите, па и политичарите завршија голема работа: ретко која друга земја толку добро помина во неделите со корона. Сега со оглед на нискиот број новоинфицирани тешко и да има уште аргументи да се задржат на сила драстичните ограничувања. 

Повеќе:

Коронавирус: Во Германија ќе се игра и фудбал

Германија: „Второ големо ублажување“ на корона-рестрикциите

Германија: Бројката на заразени- десетпати поголема од официјалната

Канцеларката останува скептична

Во изминатите денови канцеларката делумно без зборови гледаше како еден по друг покраинските политичар најавуваа разлабавување на мерките - од кафеани во Баварија до хотели во Мекленбург Предна Померанија. 

Ангела Меркел сега одговорноста за она што би можело да следи како последица ја лоцираше токму таму: кај покраините. Ако инфекциите почнат нагло да растат, покраините ќе мора брзо да донесат нови ограничувања. Канцеларката инсистира на тоа. 

Очигледно дека Меркел е скептична дали сето ова ќе се спроведе како што треба. Од неколку страни ја обвинија канцеларката дека го третира своето население како мали деца. Во странство Меркел ја величаат, поддршката дома пак изостанува. Ова е веројатно и една од причините зошто сега се реши да даде благослов на големиот социјален експеримент: отворање колку што е реално возможно, држење дистанца и задолжително носење маски.

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау

Со други зборови: досега државата ги принуди Германците поради пандемијата на ограничувања и луѓето во големо мнозинство на драго срце го прифатија тоа. Сега сѐ зависи од секој поединец, исто или слично како што е сега во многу земји.

Сега доаѓа вистинскиот тест

Што научивме во изминативе недели: работите се уште се фрагилни и се менуваат од ден на ден. Заштитните маски за лице кои на почетокот од пандемијата експертите ги опишаа како некорисни, сега доминираат насекаде. Луѓето со воодушевување сфатија колку моќ имаат во Германија 16-те сојузни покраини. Силата тешко се вклопува во прилично колебливиот, внимателен пристап на канцеларката која речиси е принудена од покраините да се разлабават мерките.

Тоа што наскоро повторно ќе биде дозволено да се играат натпревари во Бундеслигата – додека уште има играчи во карантин и екслузивно тестирање за вирусот – е само едно од многуте наметнати нешта во овие збунувачки времиња. Како и секогаш: сега доаѓа вистинскиот тест за Германците, кои досега лесно „пројдоа" во епидемијата. Но, на потег се граѓаните - од нив се бара одговорно однесување: држење дистанца, веројатно повеќе од претходно, носење заштитни маски, грижа за оние кои може да бидат жртви на пребрзо олабавување на рестриктивните мерки. Ризичните групи, постарите и болните. Се надевам дека ќе успееме во ова.

Она што не смее да се случи е сега да се однесуваме како сѐ да поминало и животот да продолжува како претходно. Вирусот ќе остане уште долго време.