1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот стигна и во кралството Тонга

СН/агенции
29 октомври 2021

Тихоокеанскиот архипелаг Тонга беше едно од последните места без коронавирус на планетата. Но, сега заврши рајскиот мир. Кралството го регистрираше првиот случај на Ковид-19.

https://p.dw.com/p/42M8c
Тиркизно море, бел песок, палми на Тонга
Тиркизно море, бел песок, палми на ТонгаФотографија: Helga Lade/BIM/picture-alliance

Островската држава Тонга во западниот дел на Полинезија, соопшти денеска дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19, откако еден патник кој пристигнал од Нов Зеланд бил позитивен на коронавирусот.

Тонга беше меѓу само уште десетина држави во светот кои досега успејаа да ја избегнат епидемијата со коронвирусот, а како и кај многу нејзини соседи, изолираноста ѝ помогна на Тонга да остане безбедна. Но сега земјата се соочува со големи предизвици доколку вирусот се прошири поради недоволно развиениот здравствен систем, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.

Блиската држава Фиџи избегнуваше поголема епидемија сѐ до април, кога делта варијантата се рашири низ островската држава, при што се заразија над 50.000 луѓе, а најмалку 673 лица починаа од Ковид-19.

Infografik Karte Tonga DE

Премиерот на Тонга, Похива Туионетоа, соопшти во радиско обраќање дека заразениот патник патувал со уште 215 лица, кои во средата пристигнале со авион од новозеланскиот град Крајстчрч и кои престојувале во изолација во карантински хотел. Крајстчрч со месеци беше без присуство на вирусот до неделава, кога се пријавени 4 случаи.

Повеќе: Двојна вакцинација, двојна заштита

Здравствените власти на Нов Зеланд соопштија дека патникот за Тонга бил целосно вакциниран со вакцината на Фајзер и оти поседувал негативен тест пред да замине, а најавија оти ќе работат со своите колеги од Тонга за да го потврдат случајот и да пружат повеќе детали во наредните денови.

Министерството за здравство на Тонга нагласи дека е несреќна околност тоа што информацијата за случаите во Крајстчрч стигнале по полетувањето на авионот и соопшти оти сите здравствении работници, полицајци и вработените во аеродромот кои биле на должност кога пристигнал авинот, исто така, се ставени во карантин откако е потврден позитивниот случај, а сите кои работат во близина се вакцинирани.

Тонга, која се наоѓа североисточно од Нов Зеланд, има околу 106.000 жители, а според сајтот „Наш свет во податоци“, околу 31 отсто од жителите на кралството се целосно вакцинирани, а 48 насто примиле најмалку една доза.