1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот и уметноста на возможното

Матијас фон Хајн
24 март 2020

Реакциите на пандемијата со коронавирусот покажуваат дека досега незамисливи нешта одеднаш не само што можеме да ги замислиме, туку и ги спроведуваме.Можеби е тоа поука и за други светски проблеми, смета Матијас фон Хајн

https://p.dw.com/p/3ZWOI
Shut down in Stuttgart. Das Corona-Virus legt die Landeshauptstadt lahm
Фотографија: imago images/A. Hettrich

Секогаш се вели дека политиката е уметност да се направи она што е возможно. Најчесто таквата изјава е проследена со кревање раменици, а се користи кога нема да бидат поставени важни темели, кога се прокоцкуваат шанси за иднината или кога недоволно решително се постапува во случај на неправди. По недела дена на голем број настани и одлуки кои имаат далекусежни реперкусии за јавната и приватната сфера, човек зачудено си ги трие очите: сепак биле многу повеќе нешта возможни отколку што сме мислеле до сега.

Надвор од сила приматот на економијата

Одеднаш политиката се води спрема научниците. Компјутерски модели стануваат базата за носење одлуки со далекусежни последици. Инаку постоечкиот примат на економијата, барем краткорочно, е безпредметен.

Со оглед на многу конкретната закана од Ковид-19 владее расположение на решителност според мотото „ќе успееме, без разлика на кој начин”.

Повеќе:

-Ограниченото движење и „мајката природа“ нема да го сопрат коронавирусот

-Ние, нашиот страв и коронавирусот 

-Решението за коронавирусот зависи од сите нас!

 

Колку и да е акутна и горлива пандемијата на коронавирусот, таа сепак не е единствената закана за луѓето на сината планета. Еве да ја земеме за пример екологијата, односно климатските промени. Научниците со децении предупредуваат. Компјутерски модели многу евидентно покажуваат како животот на земјата ќе се смени, ако не се преземат противмерки. Но, тоа до сега не придонесе да се преземат навистина решителни потези. Или друг еколошки проблем: растечкото загадување на земјата со пластичен отпад. Или масовното изумирање на животински видови.

DW Kommentarbild Matthias von Hein
Матијас фон Хајн, автор н коментарот

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Во најголемиот дел случаи точно знаеме што би требало да се преземе. Но, се случува премалку пребавно. Секако е поедноставно да мобилизираш едно општество кога се работи за акутна заштитата на сопствениот живот и саканите лица. Тоа не е така кога треба да се бориме со опасност која се перцепира како апстрактна некогаш во иднината, или кога таа опасност е посилно изразена на други места отколку кај нас.

Возможни се многу повеќе нешта отколку што си мислиме

Тука има уште еден проблем, како во случајот со климатските промени. Имено, од мерките профитираат и други држави, а не само оние кои ги преземаат и финансираат. Ќе дојде време кога пандемијата на коронавирусот ќе биде минато. Ако тогаш некој се обиде да каже дека политиката била уметност да се направи возможното, уште од сега да го потсетиме дека можно било сепак многу повеќе отколку што сме си мислеле.