1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот и кинескиот проблем со расизмот

СН/дв | АРД
9 мај 2020

Луѓето со темна боја на кожата во Кина се изложени на дискриминација, во име на наводната борба против коронавирусот. Кризата со пандемијата покажува дека земјата има проблем со расизмот.

https://p.dw.com/p/3byAc
Afrikaner in China Guangzhou
Фотографија: STR/AFP/Getty Images

Странците мора да останат надвор. За тоа се грижи намуртениот работник од обезбедувањето пред зградата во која е пазарот за текстил во градот Гуангжу. „Не можете да го скенирате кодот“, од почеток им повторува и притоа мисли на испечатениот КР-код, кој е пред него на масата. Инаку овој код треба да се скенира со паметен телефон. Така се добива некаков вид дигителна пропусница со која може да се влезе во зградта.

Но, во моментов има многу работи во овој град на југот од земјата не е нормално кога станува збор за странци. Вработениот во обезбедувањето во зградата пушта само Кинези. Многу луѓе во градот Гуангжу се уверени дека вирусот побрзо го пренесуваат странци отколку Кинези. Особено сомнителни им се луѓето со темна боја на кожата. На почетокот на април се дозна дека неколку Нигерици се заразени со коронавирус. Жителите, а делумно и градските власти, систематски се насочија против луѓето „кои не изгледаат како Кинези“. 

Дискриминирани, малтеретирани и исфрлени од станот

21-годишниот Буба од западноафриканската Гамбија не сака да го открие презимето. Раскажува за повикот од еден пријател во четвртокот пред Велигден. „Ги апсат нашите луѓе“, го предупредил. Неколку дена луѓето со темна кожа во градот Гуангжу беа малтретирани на улиците, исфрлани од становите, а на некои ресторани имало известувања: Забранет влез за црнци.„Еден мој пријател го избркаа од хотелот. Тоа не го кажувам само така, видов“, вели Буба. „Полицаецот му рекол; сите црнци веднаш мораат да го напуштат хотелот.“

Повеќе:

-Кина без починати од Ковид-19 цели три недели

-Втор корона бран од североистокот на Кина?

-„Преработена“ статистика - во Вухан 50 проценти повеќе жртви од коронавирус

Инаку, четири пати годишно Буба од Гамбија, поради бизнис термини, доаѓа во Гуангжу. Тргува со облека и обувки. Поради ограничување на патувањата од крајот на јануари не може да го напушти градот. Во април градските власти го приморале да оди во карантин, иако, вели, немал никаква работа со заразените Нигеријци. „Бев многу, многу лут. Не може туку така без предупредување да ги ставите луѓето во карантин. И ние сме луѓе, како и вие, само со друга боја на кожата. Кинезите нас темнокожите нѐ обвинуваат дека го шириме вирусот. Тие мислат дека сите меѓусебно се познаваме и оти работиме заедно, но тоа не е вистина.“

Властите ја признаа грешката

Во меѓувреме градските власти признаа дека погрешиле во однесувањето кон странците и најавуваат нови правила. И државното и партиското водство се почуствувале приморани да реагираат на расистичките испади во градот Гуангжу. Портпаролот на кинеската влада, Жао Лијан, нагласи оти државното водство отфрла дискриминирање на луѓето и секаков вид предрасуди.

Но, реалноста во Гуангжу често не е таква. „Не се осудуваме да се возиме со патниците со темна кожа“, вели еден таксист и нагласува дека така размислуваат поголемиот број од неговите колеги. „Белци примаме, но само ако се заедно со Кинези. Ако е белецот сам, тогаш не застанувам. А црнци воопшто не пуштам во автомобилот, тие се валкани.“Тоа дена луѓето со темна боја на кожата во Кина се изложени на расизам не е ништо ново. Корона-кризата само уште повеќе го нагласи овој проблем. Меѓународната организација за заштита на човекови права Хјуман рајст воч го критикува сѐ поотворениот расизам во Кина и од кинеските власти бара посериозно да се забават со овој проблем.