1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Полицискиот час тропа пак на врата?

ДТЗ
8 март 2021

Комисијата за заразни болести предлага воведување полициски час од 22 до 5 часот поради зголемениот број на заболени од Ковид-19.

https://p.dw.com/p/3qL8D
Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Се враќа ли полицискиот час во Северна Македонија? Комисијата за заразни болести предлага воведување полициски час од 22 до 5 часот. Како што информира Министерството за здравство, ваквиот предлог бил ставен на маса и на денешната седница на Кризниот штаб, каде министерот за здравство Венко Филипче предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на нови позитивни на Ковид-19.
Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае. Владата на утрешната редовна седница ќе треба да донесе одлука за  овој предлог.

-повеќе на темата: Пановски: Британскиот сој нема да му дозволи на јужноафриканскиот брзо да се шири во Европа

„Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект“, информираат од Министерството за здравство.

-повеќе на темата: Објавен договорот со „Фајзер“, пристигнуваат 21.000 вакцини во март

На 26 февруари 2020 година за првпат беше соопштено дека жена што допатувала од Италија е првиот регистриран случај на коронавирус во С. Македонија. Како резултат на пандемијата, која зеде 3.195 животи земјата, надлежните по повеќе месеци повторно предлагаат воведување на најрестриктивните мерки за борба против Ковид-19. По неколкумесечно затишје, изминатата недела бројот на заболени, но и на починати во земјата почна драстично да расне. Иако мерките за заштите се на сила, се повеќе граѓани не го почитуваат ниту носењето на заштитна маска, ниту забраната на групирање. 
За првпат полицискиот час во земјата беше воведен на 22 март и траеше од 21 часот до 6 часот. На сила беа и други рестриктивни мерки со кои беа затворени училиштата, факултети и градинките. Најдолгиот полициски час којшто беше воведен траеше од 16 часот попладне до 5 часот наутро. Минатиот Велинден карантинот започна на 17 април и траеше до 21 април. На сила се уште се мерки за намален капацитет на јавниот превоз, уготителските објекти работат со скратено време, забрането е групирање на повеќе лица, особено во вечерните часови, трае забраната за семејни прослави, и задолжително е носењето маска на отворено.