1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус во Германија: плексиглас и големи демонстрации

12 јуни 2020

Бројот на новозаразени од коронавирусот е на ниско ниво и се повеќе Германци се однесуваат дека е се готово. Но копнежот по старата нормална состојба не треба да залажува, смета Јенс Турау.

https://p.dw.com/p/3dhCT
Deutschland | Berlin | Black Lives Matter Protest
Фотографија: Getty Images/M. Hitij

Наутро се возам со воз низ Берлин до работното место. Пред неколку недели, едвај да имаше некој во возот. Сега речиси секој носи заштитна маска, но за физичка дистанца повеќе не може да стане збор. Стапката на искористување на возот е околу 60 проценти. На патот што го минувам пеш од железничката станица до зградата на Дојче Веле во Берлин има многу велосипеди, многу минувачи, многу маски. Доаѓање во редакцијата - различен и построг свет: многу плочи од плексиглас, средства за дезинфекција, маски, физичка дистанца. Повеќето колеги и натаму работат од дома.

Бундеслигата се игра без гледачи веќе неколку недели, повеќето деца сè уште не одат на училиште, но демонстрации се дозволени повторно. Луѓето кои протестираат на улица против корона-рестрикциите мора да слушаат многу критики - и со право.

Меркел повторно се повлече во канцеларскиот кабинет

Но, оние што протестираат против расизмот во САД добиваат аплауз. Само во минатиот викенд, речиси 15.000 луѓе се собраа на Александерплац во Берлин. Апелот на владиниот портпарол во понеделникот звучеше скоро беспомошно: „Се разбира, протестот против расизмот е добредојден, но  вакви настани, мора да биде можно да се носат маски и да се задржи минимално растојание од 1,5 метри“.

Меѓутоа, очигледно не е можно. Зачудувачки е како канцеларката, по почетниот залет, многу овлстувања префрли на сојузните покраини. Со оглед на малиот број на заразени, доколку не сака премиерите на покраините јавно да ја надгласаат, таа и онака нема шанси со својот остар курс. скоро со својот остар корона-курс, има шанса да ги надмине премиерите на сојузните држави. Затоа што таму, во сојузните покраини, секогаш имаше сила за дејствување. Оттогаш таа се врати на местото каде што беше пред нејзините значајни говори пред неколку недели: во канцеларскиот кабинет. 

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау, автор на коментарот

И, затоа внимателно бараме пат низ корона-тунелот, на чиј крај сега се наѕира многу светлина. Но, на мирот во суштина не му веруваме: кафулињата и рестораните не се толку посетени како што очекувавме - пивото меѓу  плочи од плексиглас можеби и не е толку вкусно. Одеднаш, во медиумите се појавуваат и други теми, особено немирите во САД.

Позагрижени за последиците од пандемијата

Перцепцијата на коронавирусот повеќе се занимава со колатералната штета: во економијата, во семејствата, во училиштата и во градинките. Стравувањата од хорор сценарија во клиниките не се остварија иако речиси  9000 луѓе починаа во Германија. Изненадувачки, многу луѓе во анкетите велат дека повеќе не се плашат од инфекција. Виролозите се обидуваат да се пробијат во јавноста со предупредувањата од можен втор бран.

Повеќе:

Кој може да патува во Германија за време на пандемијата

-Пандемијата ја зголемува социјалната нееднаквост

-Германија: До 31 август нема патување во 160 земји, меѓу кои и С. Македонија

Кој  уште знае на колку лица во моментот им е дозволено да се среќаваат? До десет лица од максимум две домаќинства - тоа е правилото кое важи до 29 јуни. Но, се стекнува впечаток дека им е препуштено на луѓето сами да одлучуваат за тоа.

Копнеж за нормална состојба

Се уште не е видлива целата штета - на работа, во семејството, во чувството на сигурност на луѓето. Засега, постои само чувство дека Германија очигледно успеала подобро да пројде од многу други земји: можеби само затоа што имала среќа. Тоа е многу, но тоа исто така значи дека можеби Германија пребргу ќе премине во нормалното секојдневие. И пред сè, многу луѓе ќе го напуштат заедничкиот курс.

Постои копнеж за нормалната состојба од пред избувнувањето на кризата. Ова може јасно да се види од анкетите за популарноста на владејачката коалиција. Изреката „Мама ќе го реши некако тоа“, која е актуелна последните 15 години а се однесува на канцеларката Меркел, би можела да остане во сила уште подолго. Но, „нормалната состојба“, статус квотп пред корона-кризата, одамна престана да постои.