1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-фризура за кревање на свеста за болеста

СН/дв
2 јуни 2020

И покрај тоа што досега од новиот коронавирус ширум светот се заразени преку 6 милиони и 200 илјади луѓе а од Ковид-19 починаа преку 375 илјади, не се ретки оние кои и натаму негираат дека болеста постои или не ја сфаќаат сериозно заканата. Исклучок не е и Африка, поточно Кенија. Таму со необичен метод една мајка се обидува да ја подигне свеста за болеста.

https://p.dw.com/p/3cmQX

Искусниот кениски фотограф Донвилсон Одиамбо  видел се и сешто во метрополата Најроби. Но, дури и тој беше изненаден - и воодушевен - кога наиде на нешто креативно што никој во Кенија, па дури и на кое било друго место, досега не го видел: корона-фризура! 

Повеќе:

-Коронавирус: Колку се корисни тестовите за антитела?

-Германците му вртат грб на месото - нов начин на исхрана

-Статистика за несреќи: Короната спасува животи

Погледнете во насловното видео како една мајка од Кенија разиграно ја користи косата на своите ќерки за кревање на свеста за пандемијата меѓу луѓето во Најроби.