1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивно обоено неединство во ЕУ

Бернд Ригерт
24 април 2020

Самитот на ЕУ беше краток и јасен, но исто така и без резултати. Сега треба да дојде пакет за обнова поради корона-кризата, но како, се прашува Бернд Ригерт. Солидарноста во ЕУ мора да помине уште некои тешки тестови.

https://p.dw.com/p/3bLCG
EU Gipfel Coronakrise Videoschalte
Фотографија: Reuters/I. Langsdon

Најновото издание на од европската видео серија „Корона-самит“ дава малку надеж. Со оглед на огромната криза, 27 шефови на држави и влади се чини дека се согласни, нивниот спор за претходно незамисливи суми пари повеќе да не се води во јавноста. Единството, се вели, ве прави силни. Заложбата за солидарност има за цел да ги смири вознемирените граѓани на ЕУ кои губат работни места, стравуваат за својата егзистенција и наскоро можеби повеќе нема да имаат пари за најважните работи. Погледнете, вашите влади се грижат, сакаат да покренат програма за обнова од 1 билион (1000 милијарди) евра! Тоа треба да биде добрата вест.

И со оглед на комата, во која броците против пандемијата ги ставија економијата и општеството, тоа исто така е  неопходно. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел ја истакна цврстата волја на 27-мина да се оди напред по нивниот четврти видео самит за корона-кризата. Значи, Европската унија не треба да биде разнишана. Лутите закани и прашања на италијанската влада  за што уште би можела да биде добра ЕУ, ако не помогна, засега се замолчени.

Цврста волја, но не и единство

Италијанскиот премиер Џузепе Конте беше изненадувачки воодушевен по кратките консултации со неговите колеги. Сега постои фонд за обнова што треба да се финансира со заеднички европски обврзници. Тоа беше незамисливо пред три недели, триумфираше Конте. Ако не направи грешка. За многу шефови на држави или на влади во ЕУ, заедничките обврзници или долгови и натаму се незамисливи.

Повеќе:

-ЕУ против корона-кризата: Фонд за обнова да, еврообврзници не

-Самит на ЕУ: Италија сака корона-обврзници, Германија не

-ЕУ: Со половина билион евра против корона-кризата

Дамите и господата шефови исто така, не се единствени ниту за прашањето како треба да се распределат парите, како директни уплати во државните каси или како кредит , кој некогаш би требало да биде и отплатен. Германија се залага за кредити, Франција исто како и Италија за уплати. Шпанија излезе со идеја да преземе долгови во ЕУ што вечно нема да ги отплати. Оваа фантазија  беше поттикната во прв ред од најавата на канцеларката Ангела Меркел дека Германците ќе покажат солидарност и сакаат да уплатат значително повеќе во заедничкиот буџет на ЕУ. Таа мудро не спомна никакви бројки.

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт, автор на коментарот

Значи расположението беше порелаксирано. Целта е појасна, но сите детали не се одлучени, иако сите опоменуваат на итноста. Сега Европската комисија треба во рок од неколку недели да направи  политичко чудо и да подготви буџет на ЕУ што ќе послужи како основа за големиот фонд за обнова. Претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен веќе посочи дека земјите членки на ЕУ ќе треба да уплатат двојно повеќе од овој заеднички буџет отколку досега, значи наместо 150 дури 300 милијарди евра за две или три години. Овој собран капитал таа планира потоа со кредити да го зголеми на 1.000 милијарди. Дали оваа сума потоа ќе им биде  префрлена на оштетените држави како кредит или ќе им биде уплатена како помош, се уште не е јасно. Фон дер Лејен на им има своевиден „микс“ , или со други зборови, ни таа не знае како.

Земјите од ЕУ, може да успеат само заеднички

Единствено што е јасно е дека посилните земји на ЕУ ќе мора да ги помогнат послабите. Тежиштата ќе се преместат. Парите повеќе нема да течат кон исток како досега, туку кон југ. Солидарноста во ЕУ ќе мора да издржи уште некои тешки тестови на издржливот. Сметката за корона-кризта ќе мора на свои раменици да ја понесат даночните обврзници во северните земји на ЕУ. Германците учествуваат со најмалку 25 проценти. Тие ќе треба да покажат солидарност и затоа заслужуваат благодарност од јужните држави. Може да се успее само заеднички. Ниту една од земјите на ЕУ  сама не би имала шанса против кризата. Економијата на внатрешниот пазар  е премногу испреплетена. Заедно, земјите од ЕУ сега ќе паднат во длабоката дупка на рецесијата, и тие ќе мора заеднички да исползат од неа.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија