1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Првите чекори на Европа кон нормалност

Штефани Хепнер
4 мај 2021

Многу луѓе копнеат по тоа: конечно повторно да излезат, да се сретнат со пријатели, да одат на прошетка. По повеќемесечен локдаун поради Ковид-19, ова сега станува можно во многу европски земји - иако со бројни услови.

https://p.dw.com/p/3svMC
Coronavirus - Italien
Фотографија: Claudio Furlan/LaPresse /ZUMA/dpa/picture alliance

И додека во Германија таканаречената итна корона-кочница сè уште во голема мера ги парализира социјалниот живот, трговијата и гастрономијата, во другите европски земји работите веќе се поинакви. ДВ издвојува неколку актуелни примери.

Грција

И локалното население и туристите долго го чекаа ова: Откако баровите и таверните во Грција мораа да бидат затворени околу шест месеци поради големиот број на инфекции со коронавирусот, тие вчера повторно беа отворени - иако само во делот на летните тераси и со бројни услови. Така персоналот мора да се тестира двапати неделно и да носи маска. Гостите не смеат да стојат, туку мора да седнат. Максимално шест лица можат да седат на една маса и мора да има растојание меѓу масите.

За да се спречи премногу опуштена атмосфера, забранета е гласна музика. Сето завршува нешто пред 23 часот, бидејќи полицискиот час во текот на ноќта и натаму е во сила. И покрај сите овие услови, кафулињата и таверните брзо се наполнија - поради пријатното медитеранското време.

Одмор со забрана за излегување од хотел

Повеќе:

-Грција се подготвува за пречек на туристите

Според универзитетот Џон Хопкинс, седумдневната инциденција во популарната дестинација за одмор изнесува околу 150 на 100.000 жители, што е приближно исто како и во Германија. Околу осум проценти од грчкото население е вакцинирано барем со една доза. Од 15-ти мај, земјата сака целосно да го отвори туризмот. Додуша во Грција веќе сега може да се патува, но посетителите мора  директно да се упатат кон нивната дестинација.

Холандија

И во Холандија за гости се отворени летните тераси на угостителските објекти од 12 до 18 часот. Полицискиот час е укинат и во продавниците може повторно да се влезе без закажан термин. Средбите дома, исто така, можат да бидат подружељубиви, наместо еден посетител, сега можат да дојдат двајца. Музеите, кината и театрите сепак остануваат затворени. Учениците и студентите сè уште се во голема мерка дома, но имаат настава во училница барем еден ден во неделата.

Земјата сè уште се бори со висока стапка на инфекции. Седумдневната инциденција е околу 300. Околу 30 проценти од населението е вакцинирано барем еднаш.

Чешка

Чешка исто така со мали чекори се враќа кон нормалноста. Од понеделникот, на трговците на мало и на пазарите им е дозволено повторно започнат со работа. Земјата беше тешко погодена од пандемијата и се сметаше за жариште на коронавирусот во Европа.

Повеќе:

-Во борбата против коронавирусот се брои секој килограм

Но, ситуацијата со инфекциите е значително подобрена и во моментов седумдневната инциденција изнесува околу 150. Земјата веќе не е област на висок ризик, па затоа на патниците од Чешка веќе не им е потребен негативен тест при доаѓањето во Германија. Сепак, обврската за карантин останува. Повеќе од 18 проценти од населението во земјата е вакцинирано барем еднаш.

Франција

И Франција вчера ги ублажи рестриктивните мерки, кои беа многу построги отколку во Германија. За првпат, на луѓето им е дозволено повторно да се движат слободно. Претходно, тие за патувања кои не се неопходни мораа да останат во радиус од само десет километри од нивното место на живеење.

Повеќе:

-Французите се уморни од коронавирусот 

Средните училишта повторно нудат настава во училница наместо дигитални часови. Градинки и основни училишта беа отворени уште пред неколку дена. За околу две недели, повторно треба да отворат и летните тераси на угостителските објекти, а полицискиот час треба да почнува од 21 наместо од 19 часот.

Многу луѓе се радуваат на ваквото отворање, но за некои ублажувањата на рестрикциите доаѓаат прерано, бидејќи седумдневната инциденција во земјата сѐ уште е прилично висока, околу 300 на 100.000 жители. Владата се надева дека зголемениот број на вакцинирани лица наскоро ќе придонесе за намалување на  бројот на инфекции; според универзитетот Џон Хопкинс, речиси 10 проценти од Французите биле вакцинирани барем еднаш.

Италија

Италија, исто така, постепено ги олабавува мерките. Во регионите кои не се толку силно погодени од заразата, рестораните и баровите имаат дозвола да работат во отворениот дел - но само до 22 часот поради полицискиот час. Дури и музеите и кината повторно се отворени за посетителите во помалку погодените делови на земјата. Добра вест за љубителите на културата - во Ватикан, музеите се повторно отворени од понеделникот, посетата секако е дозволена само со маска.

Како Германците се справуваат со „неомилениот“ полициски час?

Повеќе:

-Ковид во Италија: Уморните херои од Бергамо

Со инциденција од околу 135 на 100.000 жители, земјата планира натамошни олеснувања во наредните недели. Од јуни, луѓето повторно ќе можат да седат во рестораните во затворениот дел, а прописите за туристите, исто така, може да се променат. Досега, туристите мораа да се тестираат пред и по влегувањето во земјата, а беше задолжителен и петдневен карантин. Сè уште е нејасно дали и кога нешто ќе се промени. Во меѓувреме, повеќе од 22 проценти од населението е вакцинирано против коронавирусот барем еднаш. Надежта за безгрижен летен одмор со сладолед на плажа и пица во Пиза расте.

Данска

По повеќемесечен локдаун, Данска исто така ги ублажи ограничувања. За да не дојде до нов бран на коронавирусот,во земјата е воведен таканаречена корона-пропусница.

Таа докажува дека лицето кое ја поседува или веќе е вакцинирано, или неодамна прележало Ковид-19 или пак има негативен тест на коронавирусот кој не е постар од 72 часа. Секој што може да ја покаже ваквата пропусница - отпечатена или преку апликација на смартфон - може повторно да оди на фризер, во музеј или во ресторан. Спортските стадиони исто така се отворени за посетители. Наскоро треба да следат киносалите и театрите. Инаку, на летните тераси на угостителските објекти може да се седне и без корона-пропусница.

Ваквите мерки треба да важат сè додека не се вакцинираат речиси сите Данци. Според владата, ова треба да се случи до крајот на јули. Бројот на нови инфекции остана стабилен и со седумдневна инциденција помала од 100 е далеку под германските вредности.