1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечно договор во спорот за дизел-возилата

СН/ агенции
2 октомври 2018

На ноќниот маратонски состанок на врвот на владејачката коалиција во Германија постигната е согласност за пакет мерки против забраната за дизел-возила во германските градови.

https://p.dw.com/p/35rXQ
Deutschland KFZ-Kernnzeichen Diesel
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Германската влада пронајде решение за милиони Германци кои возат стари дизел автомобили, соопштија денеска партиите во владеачката коалиција.

На крајот на ноќниот состанок во Берлин, официјалните лица на конзервативците и на социјалдемократите го објавија „концептот за чист воздух и обезбедување за движење низ градовите“.

Политичарите и автомобилската индустрија веќе еден месец се обидуваа да пронајдат компромис околу организарањето на скапо осовремување на возилата со дизел мотори, технологија која е измислена во Германија.

Deutschland Verkehrsschild in Berlin | Zone 30 - Luftreinhaltung
Фотографија: Imago/photothek

Повеќе:

-Ќе се задуши ли Македонија со старите германски дизели?

-Дизелот е бесконечен германски проблем

-Дали е можна „поправка“ на дизелите?

Сметката би можела да биде прилично голема за производителите на автомобили, кои со измама на тестовите за загадување предизвикаа криза. „Автомобилската индустрија предизвика проблем, таа треба и да плати“, рече вчера министерката за животна средина Свења Шулце од СПД.

Владата на располагање има три технички можности кои можат да се комбинираат: замена на деловите на автомобилите, олеснувања при замената на најстарите дизел возила и постојана надоградба на софтверот за контрола на емисии на гасови.

Проблеми на владата и создаде тоа што повеќе германски судови се заканија со забрана на најштетните дизел возила во десетици најзагадени градови.

И самата можност за воведување на овие забрани го забрза падот на продажбата на дизел возила. Нивниот удел на пазарот опадна од 48 насто во 2015 година, на 39 отсто во 2017 година.

Министерот за сообраќај Андреас Шојер рече дека владата сака да ги избегне забраните за дизел-возилата, кои веќе се најавени од страна на некои градови во земјата. Германската автомобилска индустрија вработува околу 800.000 луѓе.