Компјутерски црв го нагризува Г20
1 април 2009Експертите предупредуваат дека извор на заразата е програмскиот црв Конфикр, кој изминатите месеци зарази повеќе од три милиони компјутери и сервери во светот.
Меѓу „жртвите“ на Конфикр се електронски системи на бродови на британските воено-поморски сили и компјутери во долниот дом на британскиот парламент.
Ефектот од дејствување на Конфикр најверојатно ќе се почувствува по исклучително побавниот обем на податоци на Интернет.
„Мајкрософт“ првенствено им ја предложи на своите клиенти програмата „закрпување“, која го корегира дефектот во пребарувачот „Интернет експлорер“, што Конфикр го користи за проникнување во компјутерските системи. Сепак, пристап до подобрената верзија на Интернет експлорерот имаат само лицата со оригинална верзија на „Виндоус“.
Најподложни се пиратските верзии на „Виндоус“
Креаторите на вирусот јавно нагласија дека поради големиот број пиратски верзии на оперативниот систем на „Мајкрософт“ во светот ќе има голем број „ранливи“ компјутери.
„Мајкросфот“ веќе им предложи на своите клиенти бесплатни верзии на „Виндоус“, во кој е отстранет дефектот во Интернет експлорерот, што го користи Конфикр. Компанијата предложи и награда од 250 илјади долари за откривање на авторите на вирусот.
„Мајкрософт“ препорачува да не се отвoраат фајлови, прикачени кон пораки кои се добиени од непознати адреси.
Автор: ТТ/МИА
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска