1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19 турка милиони луѓе во глад

Екипа на ДВ
27 октомври 2020

Пандемијата на коронавирус би можела да го зголеми бројот на гладни во светот за цели 130 милиони. Во моментов гладот доминира со животот на 690 милиони луѓе во светот.

https://p.dw.com/p/3kU0j
Jemen Hungersnot
Фотографија: picture-alliance/dpa/XinHua/M. Mohammed

Како коронавирусот да не е доволно лош, болеста на сиромашните дополнително им носи и глад.

Мајкл Данфорд, раководител за Источна Африка во Светската програма за храна, вели дека „многу луѓе ја загубија работата и основата за живот, тие не можат да си ги прехранат семејствата“. 

Денес гладот доминира со животот на над 690 милиони луѓе во светот. Со пандемијата овој број може да се зголеми за 130 милиони. Најтешко погодени се кризните региони. Но, луѓето таму не се плашат од Ковид-19.

„Луѓето во Сирија не се плашат од Ковид. Тие мора да работат и натаму за да преживеат. Не можат да останат дома. Мора да донесат храна на масата. Мора да си ги прехранат децата“, објаснува Џесика Лосон од Светската програма за храна, задолжена за регионот на Сирија.

На владите во земјите погодени со глад често им недостигаат средства за помош. За многу луѓе единствена надеж се невладините организации.