1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеАфрика

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден

СН/дв
20 јули 2020

Вкоренетета корупција го зема својот данок во училиштата во Јужноафриканската република , посебно сега кога тие се повторно отворени среде корона-кризата. Многу училишта немаат пари за соодветна заштита на наставниот кадар и на учениците од Ковид-19 и принудени се да импровизираат.

https://p.dw.com/p/3eGKB

Повеќе од 3.000 наставници и 1.000 ученици се заразени со коронавирусот откако Јужноафриканската република ги отвори училиштата за две возрасни групи. Години на занемарување на образовниот систем и проневерата на финансиски средства, ги оставија училиштата лошо опремени за да обезбедат безбедност за време на пандемијата. Многумина директори и учители сега мораат да се снаоѓаат сами, за да обезбедат колку-толку безбедна настава.