1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Ковид-19: Драстично различни аршини за Дизниленд во Хонгконг и на Флорида

СН/дв
15 јули 2020

Хонгконг во изминатото деноноќие регистрирал 19 нови случаи на Ковид-19. Американската сојузна држава Флорида пак 9.261. И додека властите во Хонконг одлучија повторно да го затворат Дизниленд и останатите забавни паркови, Дизни Ворлд и другите забавни паркови на Флорида продолжуваат да работат.

https://p.dw.com/p/3fLyO

Флорида во неделата пријави преку 15 илјади новоинфицирани од коронавирусот. Пандемијата беснее во американската сојузна држава, која ако беше самостојна држава ќе се најдеше на четвртото место во светот според бројот на нови дневни случаи на Ковид-19.

Сепак, таму забавните паркови, меѓу нив и прочуениот Дизни Ворлд отворија пред само неколку дена и остануваат отворени, Ова предизвика без на социјалните мрежи,на кои граѓаните ја критикуваат неодговорноста на властите. 

Во Хонгконг, пак, пак од друга страна, по подолга пауза, веќе неколку дена има раст на бројот на новозаразени. Воо изминатите 24 часа беа 19, но властите не сакаат да дозволат втор бран на инфекцијата да се прошири во кинеската автономна област.

Затоа веднаш повторно воведоа остри мерки за социјално дистанцирање и ги затворија забавните паркови, меѓу нив и Дизниленд Хонгконг.