1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судбински ден за Либералите

16 декември 2011

Судбински ден за германските либерали. Денеска (16.12) треба да биде соопштен резултатот од изјаснувањето во ФДП околу Европскиот механизам са стабилност. Од резултатот зависи и судбината на шефот на ФДП - Филип Реслер.

https://p.dw.com/p/13U1n
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Некои членови на Партијата на слободни демократи (ФДП), помалиот коалиционен партнер на Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел, притискаа за изјаснување на партиското членство околу учеството на Германија во Европскиот механизам за стабилност. Резултатот од тоа изјаснување треба да се објави денеска (16.12.) во Берлин.

Дел од членовите на оваа партија се противат Германија да учествува со финансии во фондот за спас и се надеваат дека исходот од партиското изјаснување ќе ја натера ФДП да ја промени политиката кон овој механизам за спас на еврозоната.

Референдумот може да биде шлаканица за министерот за финансии Реслер

Блиски соработници на Меркел информираат дека коалицијата може да се распадне и може да дојде до предвремени избори, ако ФДП одлучи да се спротивстави на фондот за спас, со кој на земјите од ЕУ им се ветени 500 милијарди евра во гаранции. И еден министер од редовите на ФДП изјави дека ќе се стави под знак прашалник продолжувањето со работа на владината коалиција, ако членовите на партијата гласаат против тоа.

Кристијан Линднер во средата си даде оставка на функцијата генерален секретар на ФДП, што ги подгреа шпекулациите дека исходот од референдумот може да биде шлаканица за партискиот лидер Филип Реслер, кој воедно е и сојузен министер за економија.

Противниците во партијата сметаат дека не се евроскептици, туку едноставно бранители на правата на германските даночни обврзници. За да биде валидно изјаснувањето и исходот да стане партиски заклучок, мора да гласаат една третина од 65.000 членови на ФДП

Автор: Александар Методијев / дпа / ап / дв

Редактор: Симе Недевски