Синоќа за време на молитвата во Исламскиот културен центар во Квебек упаднале двајца напаѓачи и отвориле оган, убиени се шест луѓе, уште десетина други се ранети, соопшти полицијата. Канадскиот премиер Џастин Трудо и премиерот на провиницијата Квебек, Филип Кујар, инцидентот го оценија за терористички чин и остро го осудија. Мотивите на напаѓачите се истражуваат.