1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каков ислам застапува ДИТИБ?

29 септември 2006

Еден од главните партнери на германската сојузна влада на Конференцијата за исламот е “Турската исламска Унија, установа за релогија” или скратено ДИТИБ. Оваа организација ги спојува 900 помали здруженија на Турците во Германија. Се проценува дека има околу 130 000 члена што значи дека е најголемата исламска организација во Германија. Каков ислам застапува ДИТИБ?

https://p.dw.com/p/AerE
Министерот Шојбле на Исламската конференција
Министерот Шојбле на Исламската конференцијаФотографија: AP

Турско исламската Унија застапува лаицистички однос кон исламот по примерот на турската држава. Тврди дека не добива пари од Турција, но германските експерти за исламот се уверени дека со ДИТИБ (скратеното име на организацијата) неофицијално управува турското Министертсво за религија. За германската држава тоа е незгодна ситуација. Од една страна ДИТИБ служи како бедем против исламистичките настојувања, а од друга страна прашање е дали интеграцијата на муслиманите во Германија може да и се довери на организација која и е лојална на друга држава, односно на Турција.

“ДИТИБ е основана според германскиот закон за здруженија, а го основаа турските работници”, вели Мехмет Јилдрим, главниот секретар на Турско исламската унија – установа за религија. Нагласува дека тие се финанисраат од членарина, од донации и мали приходи од изнајмување на простории, а дека од Турција не добиваат никаква финансиска поддршка.

Но, имамите доаѓаат од Турција, а нив таму ги плаќа тамошната установа за верски прашања. И токму тоа е спорно. Речиси сите германски стручњаци за ислам сметаат дека тие имами, а со тоа и ДИТИБ, се под влијание на Турција. Освен тоа, тие често не ја познаваат специфичната ситуација на турските имами во Германија. Правниот експерт на Турско исламската унија, Мехмет Ѓунет признава: За жал на германскиот пазар на труд не можеме да добиеме имами бидејќи нема можност за нивно образование. Затоа мора да соработуваме со турската Установа за верски прашања. Секако не радува тоа што имамите, на наше барање одат во германската амбасада во Анкара и таму учат германски јазик, а посетуваат и курс за германската историја и минато, како и за сегашноста во Германија.”

Ваквиот вид на образование е релативно нов. Кога имамите доаѓаат во Германија ДИТИБ ги испраќа во една од 874 исламски заедници во земјата. Секоја заедница има комплекс згради со џамија, кафенче и училници. Тукај покрај молитвите се нудат и различни курсеви, вели Сонер Караташ, научник во келнската централа на ДИТИБ: “ Во овие простории одржуваме и курсеви за интеграција, курсеви за мажи и жени кои не знаат да пишуваат. Имаме курсеви за свирење на гитара или турски инструменти, како саж”.

Ваков курс по музика посетува и Зејнеп. Таа има 20 години има долга црна коса, носи фармерки и тесна црна маичка со кратки ракави. Не носи шамија на главата. Има ли проблеми поради тоа? Не, одговара младата Турчинка додавајќи дека ДИТИБ застапува умерен ислам и дека токму тоа и се допаѓа.

“Не мора да се носи шамија за да се верува во бога. Ја знам дека верувам во Бога и тоа е доволно. Јас тоа не морам да им го докажувам на другите”.

Либералниот пристап на Турско исламската унија и се исплати. Германските установи како индустриската и трговската комора или покраинските агенции за враборување соработуваат со ДИТИБ на разни проекти. И германски ученици одат во просториите на ДИТИБ на пример кога пишуваат домашни задачи за муслиманите. Политичарот на ЦДУ Јерг Укерман, целосно е на страна на Турско исламската унија која е во неговото соседство:

“Ја познавам таа организација многу добро и може само да се каже дека добро работи”.

Но, што велат останатите соседи.

“Не знам ништо за тоа. Се додека си се молат и не се радикални сеедно ми е.”

“Сум видел само дека игаат фудбал, имаат клуб и се многу ангажирани”.

“Овде градат голема џамија и затоа се плашиме малку дека целата улица се повеќе ќе се развива во турско маало. Инаку немаме ништо против џамијата. Но, со тоа се менува целата населба и тоа веќе се гледа.”