Како се чистат пчелите?
5 август 2017Реклама
Собирањето полен е валкана работа. Како се чистат всушност пчелите? Забавено видео открива како го прават тоа. Не е мала работа да треба да се исчистат три милиони влакна.Пчелите секогаш почнуваат со чистење на влакната околу нивните очи. Во рок од три минути веќе се исчистени преку 15,000 честички од телото. Доколку пчелите не го отстранат поленот од телото, нема да можат да летаат. Пчелите можат да носат до 30 проценти од сопствената тежина. Научниците на Џорџија Тек сакаат да ги копираат техниките на чистење на пчелите за да развијат нови техники за чистење на микро и наноструктури.