1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

280208 Russland Wahlen

Кристина Бергман 29 февруари 2008

Билатералните односи меѓу Русија и САД се тешки. Темите како НАТO, ирачката војна, атомската прогарама на Иран, антиракетниот систем, независноста на Косово редовно предизвикуваат напнатости меѓу двете супер сили.

https://p.dw.com/p/DFgE
Путин и БушФотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот руски колега Владимир Путин на нивната прва средба во Словенија летото 2001 година всушност добро се разбраа.

„I was able to get a sense of his soul." - Оваа изјава на претседателот Буш влезе во вечната збирка на цитати, Путин го гледал во очите и со тоа продрел во неговата душа, оттука Буш заклучи дека рускиот претседател ќе работи во интересот на неговата земја. Двете држави рече Буш летото 2001 година имаат заеднички интереси и заедничка одговорност „Мојата средба со претседателот Путин е важен чекор на патот кон остварување конструктивни односи со Русија, од кои нема да профитираат само двете земји туку целиот свет.“

Русија и САД соработуваат

Putin und Bush im Kremel in Moskau
Средба во КремљФотографија: AP

На почетокот изгледаше така. По терористичките напади од 11 септември 2001 година, Путин им понуди на Американците поддршка. Покрај другото Путин потсети и на поранешна понуда за заедничка борба против Ал Каеда во Авганистан - иако не сосема не себично. Американците се заблагодарија - но кратко потоа се покажа неблагодарни. Уште во декември истата година објавија дека го прекинуваат договорот со Русија за ограничување на системот за ракетна одбрана.

Политичките одлуки на САД против интересите на Русија

Годините потоа САД и Западот постојано донесуваа политички одлуки, вели амбасадорот Џек Матлок, кои не беа сосема директно насочени против Русија, но од страна на Москва беа сфатени како исклучително арогантни. На крајот на 80 години Матлок беше американски амбасадор во Русија. Тој појаснува „Посматрајте ја работата од руски агол: Путин ги повлече Русите од Куба и Виетнам без воопшто да го браме тоа од него - а потоа НАТО се проширува во Романија и Бугарија, сојузот дискутира и во своите редови да ја прими и Украина. Тоа е апсолутна навреда."

За нова Студена војна не може да стане збор

George W. Bush begrüßt Wladimir Putin in der Sommerresidenz der Bushs
Во летната резиденција на БушФотографија: AP

Воспоставувањето американски антиракетен систем во Полска и Чешка вели амбасадорот Матлок, од една страна е неопходно, но мора да се заснова на широка меѓународна соработка. Реакцијата на Русите за американските планови и во овој случај можеше да се предвиди. Но и покрај сета полемика од страна на Путин, за нова Студена војна не може да стане збор „Ако добро се погледне, односите не се толку лоши. Се воспоставуваат се повеќе економски односи меѓу двете земји, нема ограничувања во патувањата и сообраќајот. Многу Руси живеат во САД, и голем број Американци работат и живеат во Русија.“

Сепак Матлок не оспорува дека односите треба и да се подобрат. Оттука и двете страни треба да се концентрираат на заедничките интереси, советува тој. Пред се на темата нуклерано оружје „Мора да се вратиме кон политиката за брзо разоружување како што беше договрено меѓу Роланд Реган, Џорџ Буш постариот и Михаил Горбачов. Во 90тите години оваа тема беше запоставена, а во последните седум години двете сртрани водеа обратна политика“ исканува поранешниот американски амбасадор во Москва.