1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква варијанта „крои“ Брисел за Македонија?

7 декември 2009

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ денеска(07.12.2009) во Брисел треба да одлучат во врска со препораката на ЕК за одредување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

https://p.dw.com/p/Krg2

Иако повеќето од земјите од ЕУ го поддржуваат стартот на преговорите, шансите за одредување датум се мали поради условувањето на Грција со претходно затворање на спорот за името. Не е исклучено, конечната одлука министрите за надворешни работи да им ја остават на шефовите на држави и влади на Самитот на 10 и 11 декември.

Како што се дознава од Брисел, во неможност да се постигне консензус за отворање на преговорите со Македонија, најреална опција во моментов е одложување на одредувањето датум, со што би се избегнале непријатните последици од евентуалното грчко вето. Замислата е да се констатира и да се поздрави прогресот што Македонија го направи и да се порача дека во иднина треба да биде одреден датумот за почеток на преговори.

Можно е во заклучоците да стои и препорака до Македонија и Грција поинтензивно да се осврнат кон решавањето на проблемот со името.

Тоа би значело дека датум за преговори за Македонија би можел да биде одреден на еден од наредните самити на Советот на ЕУ наредната година.

Самит на Советот на ЕУ за во 2010 година е закажан за март.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема