1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Историска мисија на НАСА налик на холивудски филм

СН/агенции
24 ноември 2021

Во моментов, научниците немаат сознанија за некој астероид кој се движи директно кон Земјата. Но, ако некогаш биде така, тие сакаат да бидат подготвени. Затоа сега е лансирана сонда која би требало да удри во астероид.

https://p.dw.com/p/43OjK
Мисијата Дарт ја чини НАСА околу 290 милиони евра
Мисијата Дарт ја чини НАСА околу 290 милиони евраФотографија: Bill Ingalls/NASA/CNP/MediaPunch/imago images

Американската агенција НАСА (Национална воздухопловна и вселенска администрација) го лансираше вселенското летало Дарт во прва пробна мисија за пренасочување на астероидите кои претставуваат потенцијална или реална опасност за Земјата.

Сондата Дарт беше лансирана на пат долг 6,8 милиони милји со мисија да удри во астероидот Диморфос,  еден вид мала месечина на астероидот Дидимос, за да се види дали астероидите можат да се пренасочат при можен судар со Земјата.

Дарт беше лансиран синоќа, во 22 часот и 21 минута по локално време, на ракета носач од типот Фалкон 9 во сопственост на компанијата СпејсЕксод базата на американските вселенски сили Ванденберг во Калифорнија како прв планетарен одбранбен систем.

Сондата Дарт беше лансирана во Калифорнија со ракета на компанијата СпејсЕкс
Сондата Дарт беше лансирана во Калифорнија со ракета на компанијата СпејсЕксФотографија: NASA via AP/picture alliance

Планот е роботското вселенско летало Дарт, во наредниот актомври да удри во Диморфос со брзина од 24.100 километри на час за минимално да ја смени траекторијата на тоа небесно тело.

Ако мисијата успее тоа ќе значи дека НАСА, но и некои други вселенски агенции ќе можат да пренасочат некој астероид кој се движи кон Земјата и да спречат катастрофален удар и можен крај на светот.

Капсулата Дарт, со големина на автомобил, се откачи од носачот неколку минути по лансирањето и го продолжи своето 10-месечно патување во длабоката вселена, на околу 6,8 милиони милји од Земјата.

Во 2024 година ќе започне мисија Хера на Европската вселенска агенција (ЕСА) за подетално истражување на ефектите од ударот на Дарт во астероидот Диморфос.
Во моментов научниците немаат сознанија за ниту еден астероид кој во догледно време би се движел директно кон Земјата - но истражувачите идентификуваа околу 27.000 астероиди во близина на нашата планета, од кои околу 10.000 се со дијаметар од повеќе од 140 метри.

Астероидите Диморфос и Дидимос
Астероидите Диморфос и ДидимосФотографија: NASA/Johns Hopkins, APL/Steve Gribben