1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Исламска држава: џихад на Рамазан

СН/ агенции
13 јуни 2017

Терористичката организација Исламска држава ги повикаа денеска своите борци да продолжат со нападите ширум светот за време на муслиманскиот месец на постот- Рамазан.

https://p.dw.com/p/2ebWA
Irak Islamischer Staat Propagandafoto
Фотографија: picture-alliance/Zuma Press

Портпаролот на Исламска држава, Абдулхасан ал Мухаџер, упати аудио порака емитувана на пропагандните интернет сајтови и на социјалните мрежи, кои ја поддржуваат оваа екстремистичка организација.

Мухаџер ги пофали џихадистите за неодамнешните напади на Филипините и во Иран. „Им честитаме на децата на калифатот на истокот на Азија кои го зазедоа Марави, град на југот на Филипините“, рече портпаролот на џихадистите.

Неколку илјади филипински војници од 23 мај се борат против џихадистите во Марави, кои го користат населението како човечки штит.

Philipinen SicherheitSeguridad-Guerrero
Фотографија: Picture alliance/ZUMAPRESS.com/Agencia EL UNIVERSAL

 

Мухаџер ги пофали инападите во главниот град на Иран, Техеран во кој  на 7 јуни загинаа 17 лица и апелираше за продолжување на напади во светот.

Портпаролот на Исламска држава повика на напади во Египет, Јемен, Авганистан, Пакистан, Сомалија, Либија, Тунис, Алжир, Европа, Америка, Австралија и во Русија. Инаку традиционалните Рамазански пости кај муслиманите важат за период на мир, на практикување на воздржувањето, и за молитви. Тие годинава почнаа на 27 мај а завршуваат на 24 јуни.  Џихадистите, како оние од Исламска држава, наспроти тоа специјално повикуваат на борба и на напади токму за Рамазан. Тие сметаат дека тоа е согласно традицијата на пророкот Мухамед, кој една од своите најважни битки ја водел токму за време на рамазанските пости.

Iran Anschlag
Фотографија: Tasnim

Исламистичките екстремисти, врз основа на преданијата од животот на Пророкот, поаѓаат од тоа дека маченичката смрт за време на Рамадан на борците во „Светата војна“ им обезбедува највисоки и најдобри места во рајот.