1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Газа нема место за Исламска држава

Патрик Штрикланд/ Ж. Ацеска9 април 2015

Успесите на терористичката група Исламска држава го зајакнаа и присуството на џихадистички групи во Појасот Газа. Но, тие таму не можат да успеат, против нив постои силен отпор од Хамас.

https://p.dw.com/p/1F42I
Фотографија: AFP/Getty Images/M. Hamsa

Воен логор за обука, сокриен во индустриска зона на градот Газа. Млади мажи, припадници на исламистичката Ан-Насер Салах ал-Дин бригадата, изведуваат борбена обука. Високо над нив лебдат израелски дронови и извиднички балони, кои следат што се случува.

Не, терористичката организација Исламска држава не е активна во Појасот Газа, уверува Абу Сајаф, водач во бригадата. Вооружените палестински групи никогаш нема да дозволат ИД да се вгнезди во енклавата:

„Не се плашиме од ИД, зашто овде нивното присуство никогаш нема да биде толерирано. Ние ќе го спречиме тоа“, објаснува тој со лице скриено зад црна маска.

Исламистичкиот Хамас го контролира Појасот Газа од 2007 година. Но, во регионот се активни вооружени групи од целиот политички спектар-исламисти, секуларни националисти, левичари.

Киднапирања и закани

По војната против Израел, лани летото повеќе медиуми известуваа за присуство на ИД во Појасот Газа. Во февруари една група, која тврдеше дека има врски со ИД, го киднапираше палестинскиот новинар Мохамед Омер и уште две лица во градот Газа. Тројцата потоа беа ослободени.

Само две недели претходно салафистите се собраа пред Францускиот културен центар во Газа за да изразат сипматии кон Исламска држава и да го поддржат атентатот вry францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо во јануари.

Во декември во Газа се појавија летоци, наводно растурени од ИД, во кои од жените се бараше да носат само таква облека која е децентна во очите на салафистите.

На еден друг леток беа обвинувани 18 локални посети и автори за „атеизам“. „Ги предупредуваме поетите и писателите да престанат да даваат престапнички изјави и да не се однесуваат како атеисти. На овие отпадници од верата им даваме рок од три дена да се дистанцираат од своите изјави и дела и да се вратат кон исламот“.

Претходно објавено видео на Јутјуб прикажа маскирани милиции во Газа, кои демонстрираа солидарност со ИД.

А во февруари оваа година муџахедин по потекло од Газа пред совет, шура во близина на Ерусалим изјави дека се обврзал „да ја поддржува Исламска држава и да ги засилува нејзините редови“.

Gaza Demonstration vor Kulturzentrum wegen Mohammed-Karikaturen 19.01.2015
Од демонстрациите на салафистите пред Францускиот културен центар во ГазаФотографија: AFP/Getty Images/M. Abed

Не се работи за верска војна

„Ние овде во Газа не водиме верска војна“, тврди напротив Абу Сајаф. Тој е убеден дека трупите во Газа, кои се поврзани со ИД, не уживаат популарност. „Нашата војна е насочена кон ослободување на окупираната земја.“

Но, некои претпочитаат да молчат во врска со евентуалениот подем на ИД во Газа. Абу Калед, командир на Националните бригади на отпорот, вооружено крило na Демократскиот фронт за ослободување на Палестина со лева ориентација, тврди дека ИД има американска поддршка.

Палестинскиот отпор не се меша во работите на другите Арапи, истакнува Абу Калед. „Освен тоа, Палестина за ИД не е плодна почва. Одделните групи на отпорот овде се поврзани меѓусебно. Нашиот непријател е израелскиот окупатор. Затоа, ние не војуваме меѓусебно“.

"Од преземањето на власта во 2007 година, Хамас остро се справуваше со отанатите бунтовнички групи и строго ја ограничи нивната независност“, вели Бенедета Берти, безбедносен аналитичар во израелскиот Институт за национални безбедносни студии.

Иако салафистички групи во Газа се присутни само ограничено, растот на ИД и сличните движења во извесна смисла сепак доведе до засилување на веќе постојните салафистичко-џихадистички групи, вели Берти.

ИД и нејзе бидеолошки блиските групи го отфрлаат национализмот на Хамас. Хамас пак е определен за вооружена борба против Израел.

Symbolbild - Irak IS Kämpfer
Исламска држава не може да вирее во Газа. тврди ХамасФотографија: Getty Images/AFP

„Ограноци на отровно дрво“

Напнатоста меѓу Хамас и строго салафистичките групи датира уште од 2009 година. Тогаш припадниците на Хамас во јужниот дел од Појасот Газа се пресметуваа со оружје со салафистичката организација Шунд Ансар Алах. Откако оваа група прогласи калифат во Појасот Газа, безбедносните трупи на Хамас го убија нејзиниот духовен водач Абдел Латиф Муса и бројни негови борци.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да ги минимизира разликите меѓу ИД и Хамас. „Исламска држава и Хамас се израстоци на истото отровно дрво“, изјави тој минатиот септември во говорот пред ОН. „Кога се работи за крајните цели, ИД е Хамас, а Хамас е ИД“.

Џошуа Ландис, директор на Центарот за блискоисточни студии на Универзитетот Оклахома, смета дека Нетанјаху се обидува своите непријатели да ги претстави како непријатели на Америка, затоа ги изедначува, „и тоа во време кога односите меѓу Израел и САД се заладени“.

Меѓутоа, самиот Хамас укажува на дистанца кон ИД. „Ние се обидуваме ИД да не постои во Газа и безбедносните сили ситуацијата ја имаат целосно под контрола“, изјави Ејад ал-Бозум, портпарол на Министерството за внатрешни работи во Газа во декември за апарската телевизија Ал Мајаден.

Ал-Бозум сепак призна-во Газа постојат групи блиски на ИД, но невозможно е точно утврдување на бројот на нивните борци и поддржувачи.

„Ниедна од овие групи не може воено да биде сериозен предизвик за Хамас. И во однос на опремата и на бројноста борците, Хамас е неспоредливо посилен“, тврди ал-Бозум.