1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Индија соборува сателити

СН/ агенции
27 март 2019

Според премиерот Нарендра Моди, Индија успешно тестирала нов систем на одбрана. На 300 километри надморска височина бил уништен сателит во орбитата.

https://p.dw.com/p/3Fi4E
Indien Test Abwehrsystem | Abschuss eines Satelliten | Narendra Modi, Premierminister
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Singh

Индија денеска се етаблираше како велесила во вселената, рече премиерот Нарендра Моди во телевизиското обраќање во живо.  Според Моди противсателитското оружје А-САД во рок од три минути по лансирањето соборило ниско-орбитен сателит на околу 300 километри надморска височина . „Мисијата Шакти е важен чекор за безбедноста на земјата, за економскиот раст и технолошкиот напредок“, истакна индискиот премиер.

Четири земји владеат со технологијата

Моди уште истакна дека досега само три земји во светот - САД, Русија и Кина - ја имале оваа технологија, и оти сега Индија се придодава како четврта земја. Ракетата А-САТ ќе и даде нов импулс за индиската вселенска програма, истакна самоуверено премиерот.

Indien Test Abwehrsystem | Abschuss eines Satelliten | Narendra Modi, Premierminister
Фотографија: Reuters/F. Mascarenhas

Тој увери дека Индија нема да ја користи оваа техника против друга држава. „Проектот Шакти е исклучиво наменет за одбрана на земјата. Тестот, исто така, не прекрши никакви меѓународни закони или договори“, истакна Моди.

Јужноазиската нуклеарна сила со 1,3 милијарди жители, исто така, има амбициозна вселенска програма. Во минатата година, Моди објави дека Индија до  2022 година, кога се одбележува до 75-годишнината од независноста на земјата ќе стане четврта земја во светот која испратила летала со човечки екипаж во вселената.

Галерија, која би можела да ве интересира: