1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индија: Десетици загинати во пожар во воз

ЕМФ/дв/афп30 јули 2012

Најмалку 32 лица загинаа откако воз бил зафатен од пожар во близина на индискиот град Ченаи. Бројот на повредени изнесува 28.

https://p.dw.com/p/15gQB
Фотографија: dapd

Индиските власти соопштија дека еден вагон на композицијата бил зафатен од пожарот и притоа целосно изгорел. Причините за пожарот се‘ уште не се откриени. Вработен во железницата забележал го забележал вагонот што горел при излегувањето на возот од станицата во градот Нелоре, во идниската сојузна држава Андра Прадеш. Возот бил веднаш запрен, а патниците биле однесени на безбедно, соопшти портпарол на индиското Министерство за железнички сообраќај. Вагонот потоа бил одвоен од останатиот дел на композицијата, за да се спречи ширење на пожарот, кој во меѓувреме е изгаснат. Сепак, спасувачките екипи поради високите температури се‘ уште не можат да влезат во изгорениот вагон за да ги извадат телата на жртвите.

Indien Zugunglück
Фотографија: dapd

Железничките несреќи се редовна појава во Индија, каде овој вид на транспорт го користи големо мнозинство од населението. Железничката мрежа не е во најдобра сосотојба и несреќите се чести.