1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Индија во тревога поради вирусот нипах

СН/ агенции
22 мај 2018

Вирусот, кој го пренесуваат лилјаци, досега однесе најмалку 10 животи во индиската држава Керала. Властите испратија медицински тимови во регионот, каде околу 100 луѓе се наоѓаат во карантин.

https://p.dw.com/p/2y6fO
Bildergalerie Nipah-Virus
Фотографија: Getty Images/AFP

Најмалку 10 лица починаа на југот од Индија од досега малку познатиот вирус нипах, додека околу 100 луѓе се наоѓаат во карантин, го соопштија денеска локалните власти новиот биланс на жртви.

„Од 18 земени примероци на пациенти, 10 беа позитивни на вирусот и во меѓувреме починаа“, наведоа здравствените власти во индиската држава Керала, на југот од Индија.

Bildergalerie Nipah-Virus
Фотографија: Getty Images/AFP

Претходно во текот на денешниот ден беше наведено дека 5 лица починале, додека 100 се во карантин поради контакт со инфицираните пациенти.

Вирусот нипах кој е распространет во јужна и во југоисточна Азија, го пренесуваат лилјаци и може да биде смртоносен во 70 насто од случаите. Вирусот за првпат е идентификуван во 1998 година во Малезија, во областа Нипах.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти порано дека вирусот го пренесуваат животни, но и луѓе. Симптомите кои се забележуваат се треска, главоболка и поспаност проследени со дезориентираност и ментална конфузија. Вирусот може да предизвика кома и силно запаление на мозокот доколку не се лечи навреме.

Bildergalerie Nipah-Virus
Фотографија: picture-alliance/BSIP

Засега не постои вакцина против овој вирус. Според мислењето на СЗО Нипах, заедно со вирусите зика и ебола, се вбројува меѓу оние предизвикувачи на болести кои мора најитно да се истражат, со оглед дека кај нив е најголема веројатноста во блиска иднина да предизвикаат потешки епидемии.