1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Индија: 16-годишно девојче силувано, па живо запалено

ЕМФ / дв
5 мај 2018

Индија има голем проблем со сексуални деликти. Силувањето и убиството на 16-годишно девојче е најновиот од големиот број случаи. Во 2016 година се пријавени 40.000 случаи на сексуално насилство.

https://p.dw.com/p/2xDrA
Protest gegen sexuelle Gewalt in Indien
Протест во Њу Делхи против сексуално насилство (14.04.2018)Фотографија: picture alliance/dpa/O. Anand

Двајца мажи на истокот на Индија силувале 16-годишно девојче и потоа го запалиле живо. Сторителите на кривичното дело во четвртокот го грабнале девојчето од нејзиниот дом и го силувале во шума, соопшти полицијата. Семејството на жртвата го пријавило злосторството во советот во местото на живеење, т.н. Селски совет. Советот во петокот ги осудил двајцата мажи на сто стомачни склекови и парична казна од 50.000 рупии (околу 625 евра).

Од бес поради казната, обвинетите потоа се втурнале во домот на жртвата, соопшти полицијата. Таму ги истепале родителите и го запалиле 16-годишното девојче. Извршителите сега се во бегство, а со случајот се занимава специјална комисија, изјави портпарол на полицијата во индиската сојузна држава Џакрханд.

Во Индија често за кавгите и споровите одлучуваат локалните Совети на најстарите членови на заедницата. Со тоа се избегнуваат долгите и скапи судски процеси. Иако немаат формална правосудна функција, Советите имаат големо влијание во селските региони во Индија.

Protest gegen sexuelle Gewalt in Indien
Фотографија: Reuters/R. de Chowdhuri

Силувањето и убиството на девојчето е најновиот од многуте вакви случаи во земјата. Минатиот месец имаше групно силување и убиство на осумгодишно девојче во Џаму. Поради тоа имаше протести ширум земјата. Владата потоа донесе одлука за воведување смртна казна за лица кои силуваат деца кои немаат наполнето 12 години.