1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во трка за собирање потписи за локалните избори

ДТЗ
20 август 2021

Четири независни советнички листи собраа потписи, останатите ја бараат поддршката на граѓаните. Партиите постепено ги обелоденуваат своите кандидати за градоначалници.

https://p.dw.com/p/3zFHO
Mazedonien Kommunalwahlen Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/abaca/A. Fazlagikj

Јавниот увид на Избирачкиот список залокалните избори коишто ќе се одржат на 17 октомври во Северна Македонија ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш Државната изборна комисија (ДИК) на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите. Граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата. Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени е 24 септември. Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Четири независни советнички листи собраа потписи

Во меѓувреме, од 16 август тече собирањето потписи за поднесување на независни кандидатски листи. Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК собрани се потписите за четири независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. Тоа се листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева – Андреевска, советничката листа за општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за општина Кочани со носителот Аки Акиев.

-повеќе на темата: На избори со истечени лични карти?

ДИК информира дека собирањето потписи продолжува за Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, за Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош, Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола, Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица, Сенат Усеиноски, кандидат за градоначалник на општина Охрид, Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе.

-повеќе на темата: Предизборна лицитација со платите: Мицкоски ветува 750 евра, Заев зборува за можни 800!

Продолжува собирањето потписи и за советничките листи за општина Могила, со носителот Борче Бучиновски, за Сејдо Селиов и листа на кандидати за членови на совет на општина Виница, за советничката листа за општина Чешиново-Облешево со носителот Франческо Наоков. Потписи се собираат и за Милош Стаменковиќ и листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово, за советничката листа за општина Охрид со носителот Арбен Демироски, за советничката листа за општина Охрид со носителот Антонио Наумовски и советничката листа за Охрид со носителот Стевче Стевоски. Поддршка од граѓаните за учество на претстојните локални избори бара и советничката листа за општина Свети Николе со носителот Ристе Андонов, советничката листа за општина Велес со носителот Гарп Немиш, советничката листа за општина Гази Баба и носителот Дејан Димитровски, за советничката листа за општина Карпош и носителот Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош и за Драгана Велковска и листата на кандидати за членови на Совет на Град Скопје.Собирањето на потписи ќе трае до 30 август.

Партиите ги комплетираат листите

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, меѓу кои и Тони Михајловски за Куманово. Тие објавија уште 19 кандидати за градоначалници, откако претходно информираа за 25 имиња кои влегуваат во трка за локалните избори. Партијата ги обелодени имињата и на кандидатите на опозицијата за Ѓорче Петров, Бутел, Македонски Брод, Берово, Пробиштип, но и натаму не се знае нивниот фаворит за градоначалник на Скопје.

-повеќе на темата: Има ли Шилегов мастер план за Скопје?

СДСМ досега објави имиња на 35 кандидати за градоначалници, а деновиве објави и отворен повик за самокандидирање за советници во општините и Град Скопје за претстојните локални избори. Од поголемите градови утврдени се кандидатите на актуелните градоначалници на Скопје – Петре Шилегов, Охрид – Константин Георгиевски и Штип – Сашко Николов, како и на скопските општини Кисела Вода – Филип Темелковски и Бутел – Велимир Смилевски.