1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Антисемитизам во Грција

Панајотис Купаранис
4 ноември 2017

Нова студија го разоткрива широко распространетиот антисемитизам во Грција. Предрасудите се распространети низ целиот политички спектрум, но ставовите полека се менуваат од долу нагоре.

https://p.dw.com/p/2kFdN
Holocaust Mahnmal Thessaloniki
Фотографија: S.Mitrolidis/AFP/GettyImages

Во 2014 година Анти-дефамациската лига (АДЛ) во САД ги објави резултатите од анкета која ги истражуваше ставовите кон Евреите низ целиот свет. Во Европа, изненадувачки беше тоа што антисемитските предрасуди, огорченост и стереотипи не преовладуваа во земји како Полска, Унгарија или Украина, туку во Грција, каде достигнуваа 69 проценти.
Во самата Грција беше доведена во прашање сериозноста на истражувањето. Сега, сепак, грчките научници од Универзитетот Македонија во Солун и од Универзитетот во Оксфорд дојдоа до слични сознанија. Новата студија беше нарачана од Фондацијата Хајнрих Бол и беше презентирана во Берлин.
Неколку репрезентативни анкети од по околу 1,000 испитаници побарале одговори на три централни прашања. Околу 75 проценти од испитаниците биле убедени дека Евреите го злоупотребиле Холокаустот за сопствени интереси. Околу 65 проценти сметаат дека Израел ги третира Палестинците исто како што нацистите ги третирале Евреите. И 71 отсто се убедени дека Евреите „ја имаат моќта“- или како граѓани, или како држава или како бизнисмени. Полот на испитаниците не бил фактор во резултатите, но возраста сепак игра некаква улога: колку постар бил испитаникот толку посилни антисемитски погледи имал. Од друга страна, колку е повисоко нивото на образование, толку помало е нивото на антисемитизам.

Antijüdische Graffiti Antisemitismus in Griechenland
Антиеврејски графити врз еврејски споменик во АтинаФотографија: AFP/Getty Images/L. Gouliamaki

Левицата и антисемитизмот

Во истовреме, студијата покажува дека антисемитизмот преовладува меѓу испитаниците кои имале силни врски со Грчката православна црква. Колку повеќе некој инклинира кон теории на заговор, толку повеќе верува дека Евреите владеат со светот. Тоа е всушност широко распространето мислење во Грција.
„Антисемитизмот е популарен во земјата“, вели Леон Салтиел, еден од четворицата автори на студијата. „Често се случува кога ќе влезете во такси, возачот веднаш да почне да зборува за Евреите“. Она што е особено интересно е што во Грција живеат едвај 5.000 Евреи, или сочинуваат само 0,05 проценти од населението. Научниците исто така ги испитувале антисемитските предрасуди во однос на политичките и верските убедувања. Антисемитизмот е особено изразен на политичките маргини- во крајната левица и десница. Тој е поредок во политичкиот центар, особено меѓу умерените левичари.
За разлика од радикално десничарската идеологија чиј основен дел е антисемитизмот, кај радикалната левица основата е анти-ционизмот, кој е детерминиран со нивниот однос кон Израел.
„Критиките кон еврејската држава во Грција е нешто екстремно“, вели Леон Салтиел. „Веднаш штом ќе искрсне некоја криза на Блискиот исток, Израелците се опишуваат во медиумите како нацисти. Критиките кон Израел се легитимни. Но кога Евреите се изедначуваат со нацистите, тоа е антисемитизам“.

Heinrich-Böll-Stiftung Berlin - Vorstellung Studie Antisemitismus in Griechenland | Leon Saltiel
Леон Салтиел, коавтор на студијата за антисемитизмот во ГрцијаФотографија: DW/P. Kouparanis

Забележлива промена

Сепак, студијата доаѓа до заклучок дека борбата против антисемитизмот е поизразена во Грција во последниве години. Грчката влада зазема јасен став против антисемитизмот, а властите преземаат остри акции против таквите појави. Катализаторот за оваа промена во Грција е растот на про-фашистичката партија Златна Зора, смета Леон Салтиел. Тој објаснува дека демократските сили во земјата сфатиле дека мора да се борат против таа мизантропска идеологија.
Уште една важна причина за намалувањето на антисемитизмот и неговата помала присутност во јавното мислење се и врските со Израел. Со децении, Грција традиционално култивираше блиски односи со арапските држави. Сепак, последниве години Атина сѐ повеќе се врти кон Израел. Авторите на студијата веруваат дека со продлабочувањето на врските меѓу двете држави, се менува на подобро и јавното мислење во Грција.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема