1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Злоставувања во иранскиот затвор Евин

Хосеин Салехи / Александар Методијев5 мај 2014

Иранскиот претседател Хасан Рохани во предизборната кампања вети повеќе слобода и владеење на правото. Тој сега се најде под притисок поради тешки злоставувања на политичките затвореници во затворот Евин.

https://p.dw.com/p/1Btxj
Фотографија: FF

Хасан Рохани пред неговиот избор за ирански претседател во јуни 2013 година вети дека ќе се заложи за ослободување на бројни политички затвореници. „Јас сум правник, а не генерал“ - со овој слоган влезе Рохани во изборната кампања. Тоа беше едно од неговите главни ветувања. Но, сега скандалот со озлогласениот техерански затвор Евин го нагласи фактот дека ова предизборно ветување не е исполнето.

Таму, во затворот Евин, повеќе политички затворенеци неколку недели седат во самици. Тие се притворени на 17 април за време на контрола извршена од специјалните сили. Ним очите им биле врзани и со часови биле мачени и злоставувани. Актитистите за заштита на човековите права и меѓународните организации, како што се: „Амнести интернешнал“, „Меѓународната федерација за човекови права“ или „Репортери без граници“, преку неколку претиции побараа од иранскиот претседател да се разјасни овој случај.

Удари и понижувања во затворот Евин

„Првично беа 30 затвореници“, информира Маеде Солтани. „Исто така и мојот татко беше тами. Тој излезе од самица по две ноќи“, вели ќерката на адвокатот Абдолфатах Солтани во разговор за Дојче веле. Солтани исто така е носител на „Меѓународната нирнбершка награда за човекови права“ за 2009-та година и има застапувано бројни познати дисиденти во Иран.

Денес 60-годишниот, поради неговиот ангажман за заштита на човековите права, беше уапсен во јуни 2009 година по спорниот повторен избор на претседателот Махмуд Ахмадинеџат, а три години подоцна беше осуден на затворска казна во трање од 18 години. Подоцна казната беше скратена на 13 години. Но, оттогаш Солтани се наоѓа во крилото 350 од затворот Евин во кој се наоѓаат политички затвореници.

Abdolfathah Soltani im Gefängnis
Маеде Солтани ја постираше на Фејсбук оваа фотографија од нејзиниот таткоФотографија: Maede Soltani

„Мојот татко не го тепаа толку многу колку останатите лица. Веројатно затоа што тој е позната личност во Иран“, смета неговата ќерка и индустриска дизајнерка Маеде Солтани, која живее во Германија од пред пет години. Косата и братата на Солтани биле избричени во затворот, а тоа им било направено и на останати затвореници, што претставува посебен акт на понижување.

Ќерката постираше фотографија од својот татко на Фејсбук. Таа и семејствата на другите политички затвореници често објавуваат на социјалните мрежи информации од затворот. Пред зградите на владата често се одржуваат протести. Во отворено писмо до претседателот тие бараат објаснување на последните случувања во затворот.

Притисок од јавноста и владини закани

Iran Teheran Evin Gefängnis
Што ли се случува зад овие затворски ѕидови?Фотографија: picture-alliance/dpa

Под притисок на јавноста претседателот Хасан Рохани основа соосветна истражна комисија. На 23 април од позицијата шеф на иранската управа надлежна за затворите беше сменет Голам Хосеин Есмаили. Тој сепак демантира дека такви инциденти се случувале во затворите. Но, ден потоа иранскиот министер за правосудство Садег Ларидџани го назначи него за шеф на правосудството во провинцијата Техеран. Помладиот брат на поранешниот ирански преговарач за нуклеарни прашања - Али Лариџани, ги предупреди сите опозиционери да внимаваат со давањето интервјуа во странските медиуми и „да не шират лаги дека се кршат човековите права во Иран“. Тој ги обвини затворениците во Евин дека се однесуваат непрописно и дека се бунтувале против регуларните сили на безбедноста.

„Операцијата на специјалните едници во затворот и бруталното злоставување на политичките затвореници беше планирана акција“, смета Таги Рамани, новинар и борец за човекови права, кој помина повеќе од 14 години во затвор и денес живее во егзил во Париз. Добитникот на наградата од „Хјуман рајтс воч“ за политички прогонети новинари, која тој ја освои во 2005-та година, смета дека „конзервативните сили со таквите напади сакаат да ги натераат умерените сили околу Рохани да потклекнат“ и оти тие сакаат да прошират страв во општеството за уште повеќе да доминираат.