1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Царовска ќе ги подобри владините економски политики

БГ
28 декември 2019

Во интервју за Дојче веле кое ќе биде објавено утре, премиерот Зоран Заев ja објаснува одлуката да ја именува Мила Царовска за вицепремиер за економски прашања.

https://p.dw.com/p/3VPX8
Mazedonien Skopje - Mila Carovska, Ministerin für soziales Mazedonien im DW Interview
Фотографија: DW/K. Delimitov

Именувањето на досегашната министерка за труд Мила Царовска на местото на Кочо Анѓушев за нов вицепремиер за економски прашања изненади многумина, но премиерот Заев вели дека верува во нејзиниот успех и во овој ресор.

„Верувам дека менаџментот на, веќе искусната Мила Царовска, во овој сектор и тоа како може да биде успешен. Верувам дека тој ресор, како потпретседател на Владата за економски прашања ќе продолжи успешно да го движи, за да имаме уште поуспешни економски политики, од оние кои ги имаме денес“, вели Заев во интервју за Дојче веле.
Ставовите на премиерот во заминување за состојбите во правосудството, економските политики на Владата, иднината на Преспанскиот договор и  претстојните избори читајте ги утре на нашата интернет страница.

 

Заев: Царовска успешно ќе ја менаџира економијата