1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Заев: ДВ е еден од најкредибилните извори на информирање

9 мај 2019

Македонскиот премиер Зоран Заев по повод 50-годишнината од постоењето на Дојче веле на македонски го потенцираше значењето што медиумот го има за информирањето и промовирањето на демократските вредности.

https://p.dw.com/p/3IEdj
50-jähriges Bestehens der DW Mazedonisch
Фотографија: Government of the Republic North Macedonia

„Дојче Веле, со својата Програма на македонски јазик, продолжува да биде мост на соработка меѓу Северна Македонија и Германија, да ги поддржува демократските процеси во Северна Македонија и да биде промотор на заемните интереси за интеграција на двете земји во евроатлантските структури“, истакна денеска премиерот Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Дојче веле, по повод 50-годишнината од постоењето на ДВ на македонски.

50-jähriges Bestehens der DW Mazedonisch
Фотографија: Government of the Republic North Macedonia

Според премиерот, Дојче веле има „огромен придонес во информирањето на граѓаните“ на земјата, како „еден од најкредибилните извори“. Заев нагласи дека ДВ останува и натаму „етаблиран промотор на демократските вредности“.

По повод јубилејот на Дојче веле, Претседателот на Владата на РСМ Заев на главната уредничка на програмата за Европа, Аделхајд Фајлке и на уредникот на ДВ на македонски, Борис Георгиевски им подари плакета во знак на благодарност за високото професионално известување за настаните и процесите во земјата.

50-jähriges Bestehens der DW Mazedonisch
Фотографија: Government of the Republic North Macedonia