1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев вети реформи, правда и евро-атлантски интеграции

БГ
30 мај 2017

Мандатарот Зоран Заев пред пратениците ја претстави програмата за работата на новата влада, најавувајќи ја како реформска и насочена кон сите граѓани. Вети крај за партискиот реваншизам.

https://p.dw.com/p/2dqBG
Zoran Zaev
Фотографија: Picture alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Новата влада предводена од СДСМ ќе се темели на три клучни принципи: економија, силни институции и правда, најави мандаторот Заев говорејќи на собраниската седница за избор на новата влада.

Приоритет остануваат интеграциите во ЕУ и НАТО.

„Нашата цел е преговори со ЕУ и НАТО во најбрз можен рок, потоа раст на економијата и раст на платите. Минималната плата на работниците, законски ќе ја зголемиме на 12 илјади денари, а ќе се однесува на сите. Наша цел е 16 илјади денари плата до крајот на мандатот. Приоритет е поддршка на малите и средните претпријатија, кои ќе немаат притисоци. Паралелно ќе работиме на намалување на трошоците на животот, ќе ги зголемиме семејните буџети“, рече Заев во обраќањето.

Најсериозни реформи, идниот премиер најавува во судството. „Се обврзавме дека ќе имаме независно судство и јавно обвинителство, затоа ќе има реизбор во судството според познати светски стандарди. Ќе формираме специјално одделение во основниот суд“, рече Заев.

Идниот премиер ветува и дека ќе заврши времето на партиски реваншизам и партиски отпуштања.

„Сакам да порачам дека е доста од реваншизми и партиски отпуштања. Никој да не чувствува страв за своето работно место. Ќе го решиме проблемот со јавните службеници, кои земаат плата, а не работат. Посебно ќе посветиме внимание младите да останат и работат во Македонија“, рече Заев.

Илија Димовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека програмата на Заев содржи „памфлетни ветувања“. Тој критикуваше дека во експозето не се нашло место за повеќед детаљи околу законот за јазиците, за тоа како мандатарот планира да го реши проблемот со името со соседна Грција, за зголемување на пензиите и на платите на војската, ниту за странските инвестиции. 

Собраниската седница продолжува.

 

(Макфакс)

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема