Веќе два натпревари од осминафиналето неделава се одржаа на неутрален (германски) терен, како загревање за четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лига Европа.
Стадионот на Шалке во Гелзенкирхен беше возвратениот меч Интер-Хетафе а стадинот во Дуизбург на натпреварот Севиља-Рома.
Освен во Гелзенкирхен и во Дуизбург преостанатите натпревари од завршницата на Лига Европа ќе се играат и во Дизелдорф и во Келн.
Повеќе:
-Спроти стартот на Бундеслигата- профитот поважен од здравјето?
-Коронавирус: Во Германија ќе се игра и фудбал
-Германците скептични околу старт на Бундеслигата
Четвртфиналните двојки кои ќе ги одмерат силите на 10 и на 11 август се следниве:
Манчестер Јунајтед – Копенхаген
Интер – Баер Леверкузен
Шахтјор Доњецк – Базел
Вулверхемптон – Севиља
Повеќе за четирите градови- домаќини на корона-завршницата без гледачи на Лига Европа погледнете во насловното видео.