1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Заврши истрагата за несреќата во Бугарија

ДТЗ
25 јануари 2022

Според бугарскиот обвинител Борислав Сарафов, причината за несреќата е губење контрола врз автобусот од страна на возачот.

https://p.dw.com/p/464dq
Bulgarien | Busunfall
Фотографија: BGNES

Бугарските истражители ја завршија истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали автобус на агенцијата „Беса Транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани. Според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот и високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов за бугарските медиуми. 

Тој најавува дека останува преку судски пат да се известат роднините на загинатите дека можат да извршат увид во материјалите прибрани за време на истражните дејства.  

Неколку дена по несреќата бугарските истражители на прес-конференција посочија дека  на патот имало слаба сигнализација, а проширувањето се појавува по кривина пред која нема видливост. Поради укажувањата на експертите, во меѓувреме беше заменета заштитната ограда на патот.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во заштитната ограда на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Вториот удар бил во спротивната заштитна ограда, каде автобусот се заглавил и се запалил.  
Животот го загубија 45 патници и возачите. Седуммина од патниците ја преживеаја несреќата. Против компанијата „Беса транс“ во тек се истражни дејства во Северна Македонија, откако неодамна и беше одземена лиценцата за работа.