1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мексико: Судски притисок за легализација на марихуаната

СН/агенции
29 јуни 2021

Забраната за консумирање на производи од канабис, според Врховниот суд на Мексико, е спротивна на уставот на земјата. Судиите повторно го повикаа парламентот да донесе закон за легализација на канабисот.

https://p.dw.com/p/3vjPG
Mexiko Drogen Legalisierung Cannabis
Фотографија: Photoshot/picture alliance

Врховниот суд на Мексико пресуди дека законската забрана за консумирање на канабис е неуставна. Пет соодветни члена од општиот закон за здравствена заштита на земјата се спротивни на уставот, одлучија судиите со девет наспроти два гласа.

Пушењето и друга потрошувачка на производи од канабис, како што е марихуаната,меѓутоа со ова, генерално не е одобрена, туку дозволи за тоа треба да се добијат од државната комисија за заштита од здравствени ризици (Кофеприс). Трговијата со дрога, пак, останува забранета.

Mexiko Drogen Legalisierung Cannabis
Фотографија: Castelan Cruz Ricardo/abaca/picture alliance

Врховниот суд во Мексико Сити уште во 2019 година пресуди дека апсолутната забрана за консумирање канабис усвоена во 1920 година го нарушува правото на слободно развивање на личноста. Ризикот по здравјето и јавниот ред и мир од рекреативната употреба на марихуана не е докажан како доволно голем за да се оправда забраната.

Повеќе:

-Новите патишта на канабисот

-На повидок легализација на канабисот во Северна Македонија

-Заев: Може по две-три стебла марихуана за лична употреба

Судот потоа му даде рок на парламентот на Мексико да донесе закон за легализација на канабисот. Рокот беше продолжен неколку пати, но двата дома на мексиканскиот парламент сè уште се немаат усогласено за текстот на законот. 

Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

Судот, вчера, повторно го повика парламентот да донесе ваков закон. Доколку се случи ова, северноамериканската земја би била само третата држава во светот, по Уругвај и Канада, во која ќе ќе биде создаден легален пазар на марихуана на целата територија. 

Со околу 126 милиони жители, мексиканскиот пазар би бил далеку најголем.