1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Забрана за носење шамија во основите училишта во Австрија

ЕМФ / дв
16 мај 2019

Одлука со голема симболичка сила: австрискиот парламент донесе одлука за забрана на носење шамија на учениците во основните училишта. Протестите стигнаа веднаш.

https://p.dw.com/p/3IaE6
Symbolbild: Kopftuch in der Schule
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst

Со новиот закон, за кој своите гласови ги дадоа пратениците на австриската коалиција од конзервативната Австриска народна партија и од деснопопулистичката Слободарска партија на Австрија, во иднина во основните училишта се забранува „носење на светогледна или религизона облека со која е поврзано покривање на главата“. Австриската влада, меѓутоа, стави јасно до знаење дека законот е насочен пред сѐ против исламската шамија, а категорично не против еврејската кипа или патка на сиките.

Венделин Мелцер од Слободарската партија изјави дека со забраната за носење шамија треба да се даде сигнал против политичкиот ислам. Пратеникот на Австриската народна партија, Рудолф Ташнер, рече дека станува збор за ослободување на муслиманските девојчиња од „потчинетост“.

Опозицијата речиси едногласно се изјасни против забраната за носење шамија и ја обвини владата дека не ѝ е грижа за доброто на децата, туку сака само да продуцира наслови во медиумите.

Повеќе:

Шамијата повторно жешка тема во Геманија

Забрана за шамија во американскиот конгрес?

Владата во Виена уште пред носењето на одлуката во парламентот призна дека смета со поднесување жалби пред Уставниот суд. Законот нема уставен ранг, поради тоа што не е донесен со двотретинско мнозинство гласови. Австрискиот исламски сојуз ОГГО остро ја криткуваше забраната за носење шамија.