Заборавеното наследство на Афро-Турците
23 јули 2019Турците со африканско потекло се потомци на робовите донесени во Турција во 19. век.
Некои Афро-Турци ги знаат своите корени. Шакир Доѓулер објаснува:
„Досега не бевме во состојба да кажеме кои сме точно. Се разбира, Турци сме, родени сме овде, но тука се крие нешто повеќе. Нешто секогаш недостигаше.“
Јалчин Јаник верува дека неговите предци дошле од Танзанија: „И да сакаш да истражуваш, од тоа време речиси и не постојат документи.“
Неговите деца за историјата на африканските робови не учеле ништо на училиште. Афро-Турците основаа здружение кое треба да открие нешто повеќе за нив.
„Кога и да сретнеме луѓе од Нигерија или Судан овде, во Турција, ги каниме и бараме да ни раскажуваат за својата култура и земји. Се разбира, сакаме да отпатуваме и лично во Африка. И, еден ден можеби тој сон ќе се оствари.“