1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За работа во странство посредуваат и агенции без лиценци

Марија Севриева
27 јуни 2019

Колку што има лиценцирани агенции за вработување, толку има и нелиценцирани кои наплаќаат за услугите и од кои не можат да се добијат официјални бројки за тоа колку лица се вработиле во странство.

https://p.dw.com/p/3L9XY
ARCHIVBILD Werbeplakat einer privaten Arbeitsvermittlungsagentur
Фотографија: picture-alliance/dpa

Работата на брод, во хотел или во ресторан за брза храна во странство е сѐ уште поатрактивна од работа во татковината. Во овие дејности за една година преку агенции за посредување за вработување во странство се вработиле речиси 300 Македонци. 

Колку е реална оваа бројка?

Норик Селими, претседател на Националната федерација на агенции за вработување, вели дека тоа е „дел од сликата: 

„Големата слика е дека има уште голем број луѓе коишто не заминуваат во странство преку тој формален пат на агенции, туку заминуваат во форма на отселување, во форма на работа, непријавена работа, значи има повеќе форми.“

Со Законот за приватните агенции за вработување, од јуни 2018-та, лиценцирани за странство се 15 агенции. Апликантите за работа во странство не треба да плаќаат за услугата. Но, нелојална конкуренција има и во овој бизнис. 

Кој е првиот знак дека нешто не е во ред со агенцијата и колкави се казните, погледнете во видеото:

За вработување во странство посредуваат и агенции без лиценци