1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Железничка несреќа во Монтана – неколку жртви

ЖА / дпа
26 септември 2021

Воз на компанијата „Амтрак“ излетал од шините во американската сојузна држава Монтана, загинале најмалку три лица, многу патници се повредени.

https://p.dw.com/p/40s2P
USA Amtrak Zug Entgleist
Фотографија: Kimberly Fossen/AP Photo/picture alliance

Несреќата се случила во близина на местото Џоплин, околу 48 километри оддалечено од границата со Канада, во северниот дел од сојузната американска држава Монтана. Според информации од железничката компанија „Амтрак“, во возот се наоѓале 146 патници и 16 членови на персоналот.

Американските медиуми, повикувајќи се на изјава на шерифот од Либерти Кантри, известуваат за најмалку тројца загинати, а подоцна и „Амтрак“ ја потврди бројката. „Њујорк тајмс“ објави дека според локалните власти, повредени се околу 50 лица. Возот кој тргнал од Чикаго, Илиноис, се наоѓал на пат кон Сиетл во американската сојузна држава Вашингтон. Делницата е долга околу 3400 километри. Компанијата „Амтрак“ соопшти дека  возот имал две локомотиви и десет вагони, од кои седум излетале од шините.